Стопанската комора на Македонија во соработка со Трговската индустриска комора на Тразбон од Турција денеска во Скопје организира бизнис форум на македонски и турски стопанственици.На форумот ќе учествуваат претставници на турски компании од повеќе стопански дејности, енергетика, градежништво и градежни материјали, трговија на големо и мало, текстилна индустрија, туризам,...
Поради големиот интерес од турските компании Стопанската комора на Македонија ќе организира форум меѓу македонски и турски бизнисмени и утре, кој ќе се одржи во Охрид.











