Летните олимписки игри 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, одлучија членовите на Меѓународниот олимписки комитет на седницата која денеска се одржа во Копенхаген.За кандидатурата на американскиот град не помогна ниту претседателот на САД Барак Обама, кој присуствуваше на гласањето во Копенхаген.
Во вториот круг од трката испадна Токио, па во финалето останаа Рио де Жанеиро и Мадрид. Повеќемина од 95-те делегати на МОК, колку што гласаа, довербата му ја дадоа на бразилскиот град, па за прв пат во историјата Олимпиките игри 2016 година ќе се одржат во една јужноамериканска држава.











