Во службените спецификации на iPhone 3GS пишува дека уредот е во состојба да прикаже видео материјал со резолуција од 640x480 пиксели. Но, со некои ситни проблеми, некои момци од ...... еден кинески форум покажале дека и видео исечоците во HD резолуција работат прилично добро.
- Знаеме дека iPhone има брз процесор, но до сега не знаевме дека тој телефон може да прикажува HD материјали (резолуција 1920x1080). Знаевме дека светот нема да ни верува, па поради тоа нашето видео го објавивме на познат кинески форум, изјавија програмерите.
Со помош на бесплатните апликации под името FileAid можете да ги заобиколите рестрикциите на Apple и да гледате HD видео.
Engadget тестирал неколку видео исечоци и потоа потврдил дека на iPhone 3GS може да се гледаат HD видео материјали. Сега само ни останува да се надеваме дека Apple ќе ги тргне сите рестрикции и ќе дозволи да гледаме HD видео без користење на заобиколни методи.
| [ 22-08-2009 ] |



Кој бил во Лондон, не можел а да не ги забележи црвените телефонски говорници кои се една од најпрепознатливита икона на овој град. Со оглед на тоа дека телефонските говорници се помалку се користат, некој одлучил да има даде модерен облик - мобилен телефон.
Ах, тој iPhone - за некои потребен предмет, а за некои предмет кој ќе го заврзат за авион на далечинско управување и ќе го пуштат во воздухот со прилично голема шанса дека ќе се уништи.
Компанијата LG ни подготвува нешто необично: телефон кој изгледа како издолжен iPhone, со ознака Black Label BL40. Спецификациите се одлични, но како сето заедно ќе изгледа практично останува да видиме.
Ако ниедно пластично куќиште не е доволна заштита за вашиот iPhone, можеби е време да размислите за нешто поцврсто, и многу, многу потешко.


Впрочем, и порано постоеа вакви обиди, но се чини дека компанијата LG одлучила озбилно да зачекори во водите на произведување на мобилни телефони и часовници во едно, а прв таков уред би требало да се појави на пазарот во август.
Фабриката Factron претстави куќиште за iPhone кое тој убав уред ќе го претвори во, па, нешто не толку убаво, но ќе му даде можност за квалитетно фотографирање со променливи објективи.
Во 2010 еден полнач за различни типови мобилни телефони. Повеќе нема да биде неопходна „збирка од полначи“. Под притисок од Комисијата на ЕУ, водечките производители на мобилни телефони и полначи за нив се договорија за воведување единствени стандарди на приклучните делови.
„Ова ме лути!“, вели тој. За секој мобилен телефон - различен полнач, ваквата состојба во ЕУ треба од почетокот на наредната година да стане минато. „Смислата на намерата е да се спречи насекаде да стојат десетици такви уреди“, објаснува Ферхојген.
Американскиот информатички гигант „Apple“ викендов, само неколку дена по лансирањето на својот нов „iPhone 3G S“, успеа да продаде милион примероци, јавија светските агенции.
Ветеранот истражувач Сер Ренолф Фиенс (65) од рацете го испушти мобилниот телефон за кој се верува дека е „најжилавиот“ на свет.

Изгледаат како слики од галерија но овие мали уметнички дела верувале или не се креирани на 3,5 инчен екран од iPhone. 




LG претстави два нови мобилни телефони - моделот GT500, кој располага со голем дисплеј осетлив на допир, и GW550, телефон со комплетна QWERTY тастатура.






