-->

Французин на лотарија освои 100 милиони евра

Играч од југот на Франција на извлекувањето емитувано на приватната ТВ станица TF1 во петок навечер освои 100 милиони евра, поставувајќи го рекордот во добивка на лотаријата Euro Millions во Франција.

Претходниот рекорд во Франција го држел играч од париската регија, кој во 2005 година освоил нешто повеќе од 75 милиони евра.

Добитникот од петокот е единствен кој ги погодил сите седум броеви од првиот ред на Euro Millions, европска лотарија која опфаќа девет земји: Франција, Велика Британија, Ирска, Шпанија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Луксембург и Австрија.

Историскиот рекорд на Euro Millions го држи од 8 мај 2009 година, учесничка од Шпанија која освои 126.231.764 евра.


                                                                                              [ 20-09-2009 ]

Необично суштество снимено во Панама

И додека јавноста сеуште се прашува за какво суштество станува збор - дали е некоја нова варијанта од чудовиштето Montauk снимено минатата година на њујоршката плажа, некој нов вид на ракун или нешто седумнаесто - едно е јасно. Изгледа болно и има канџи.

Тинејџери во Панама снимиле бизарно убиено суштество кое лежело на карпа во местото Cerro Azul, северно од главниот град. Момчињата кажуваат дека од страв го нападнале суштеството и мртво го фрлиле во водата. Подоцна се вратиле да го снимат телото на сеуште неидентификуваното животно.

Фотографиите се појавиле на блоговите по криптозоологија, каде се понудени неколку одговори. Поради големите канџи некои сметаат дека станува збор за мрзливец, на кој од непознати причини му паднале влакната.

Сето ова многу потсетува на минатогодишната монструозна сензација чиј леш исплива на една њујоршка плажа. Многумина се обиделе да го идентификуваат таканаречниот Montauk Monster велејќи дека станува збор за куче, но бидејќи остатоците од животното исчезнале, до ден денес сеуште нема официјално објаснување. Суштеството изгледало вака:



                                                                                              [ 18-09-2009 ]

Престанала да пуши по 95 години

Британката која својата прва цигара ја запалила за време на Првата светска војна во 1914, конечно во 102-та година од животот возраст се откажала од порокот, бидејќи како што вели таа, и здосадило.

Вини Ленгли после 95 години се откажала од цигарите бидејќи повеќе "не и одговарале". Првата цигара ја разменала со пријателките од основно училиште, а својата долговечност и тоа дека никогаш не заболела од рак ги припишува на фактот дека никогаш не го вдишувала чадот од цигарите.

Работела во перална за алишта во јужниот дел на Лондон, во Кројдон и вели дека тогаш сите пушеле и тоа заради друштво. - Не знаевме за здравствени проблеми, но мене едноставно повеќе не ми се убави. На крајот на краиштата, видот толку ми се влоши, што за некое време можеби не ќе можам да видам ни кутија цигари.

Од својата прва цигара во просек пушела по пет цигари дневно, или околу 170.000 цигари за цел живот. Најмногу цигари испушила за време на Големата депресија и Втората светска војна. Сепак и покрај тоа, Вини го надживеала својот сопруг Роберт кој починал во 1968. година, а и нивниот син кој починал пред четири години на 72-годишна возраст.

- Последниве години и онака ги намалив. Ќе запалев по една во неколку дена, после вечера или во спалната соба. Освен тоа, цената на цигарите е ужасна, а и забраната за пушење е одвратна. Би требало да биде дозволено да се запали каде што сакате, заклучила Ленгли.


                                                                                              [ 14-09-2009 ]

Тајландско семејство живее со 4.600 шкорпиони

Суанг Пуангсри ја адаптира неговата семејна куќа во покраината Утарадит, 600 километри северно од Бангкок, живеејќи со необични миленичиња - околу 4.600 шкорпиони.

Дел од куќата во која живее со своето семејство 38-годишниот Тајландѓанец го уреди со гранки и камења за да суштествата се чувствуваат поудобно.

За скратување на удобноста на неговото семејство во корист на крцкави влекачи, Пуангсри се одлучил во знак на помирување. Имено, шкорпии и други инсекти како на пример скакулци се популарни во Тајланд, а од нив, освен за неговото мени, во последниве години ги растел и за продажба во рестораните.





                                                                                              [ 08-09-2009 ]

Прв Светски конгрес на вештерки во Србија

Велико Градиште на североисточна Србија за неколку денови ќе биде полно со маѓепсници, вештерки и духови, кои тука ќе се соберат за да учествуваат на првиот Светски конгрес на вештерки.

Велико Градиште, град од 6.500 жители според пописот од 2004 година, на 4 септември ќе биде домаќин на првиот Светски конгрес на вештерки во организација на World Witch Congress Team.

Организаторите изјавија дека очекуваат вештерки и маѓепсници од Македонија, Романија, Украина, Русија и Бугарија кои ќе ги демонстрираат своите способности во подготвувањето на магични напитоци,но и разни „моќи“, пренесува Mondo.

- Сакаме на интересен начин да го доловиме амбиентот од времето на вештерките, духовите и маѓепсниците. Меѓу другото, посетителите ќе може да пробаат „магични“ напитоци од разни вештерки и маѓепсници, како и посебен магичен коктел кој ќе се приготвува во огромен лонец во градскиот парк“, најавија органзиаторите од World Witch Congress Team.

Врвот на вечерта ќе се одбележи со големата клада за вештерската забава која ќе трае цела ноќ. Значи, за сите вештерки од кај нас: ставете бензин во метлите, и трк во Велико Градиште.


                                                                                              [ 02-09-2009 ]

Индиски таксист вози само наназад

Таксист од Батинде, Индија станал славен во својот град, откако одлучил своите услуги да ги одработува наназад. Една вечер му се скршил менувачот, па до куќата морал да одвози во рикверц, а потоа си помислил дека така може да вози постојано.

Таксистот кој работи во градот Батинде во индиската провинција Пенџаб го направил менувачот на Фиат Падмини така да има 4 брзини за рикверц и една за напред.

Имено, човекот почнал исклучиво да вози во обратна насока откако открил дека има доста талент и желба за такси акробатика.

Сето тоа започнало кога тој се враќал од забава пред шест години, и поради неисправен менувач бил принуден да се однесе до дома во рикверц - едниствена брзина која работела.

Се прогласил за шампион на возење во обратна насока, го преуредил автомобилот и одлучил да ги вози своите клиенти наназад.

- По пет години пракса ја усовршив уметноста за возење во обратна насока. Секогаш сакав да направам нешто посебно и единствено, вели лудиот таксист кој во рикверц постигнува брзина и до 80 километри на час.

Сепак, Индиецот го даде данокот на егзибиционизмот во облик на болки во вратот, грбот, и често повраќање. Во Гинисовата книга на рекорди не е запишан, бидејќи некој треба да има нон-стоп што ќе го снима, а тоа, вели, не може засега да се изврши.

Исто така, уште еден обид за овековечување на неговиот талент - добротворно возење од Раџастан во северозападниот дел до Лахоре во Пакистан - не успеа затоа што Пакистанците не го пуштиле преку граница.

Се додека не се запише во било каква енциклопедија, целиот адреналин го чува за своите клиенти во Батинде.



                                                                                              [ 02-09-2009 ]

Одржано светско првенство во нуркање во кал

Повеќе од 150 луѓе, и покрај силниот ветeр и дожд, учествуваа на традиционалното годишно Светско првенство во нуркање во кал кое се одржа во Велс.

Натпреварувачи од цела Велика Британија се собраа со цел да учествуваат во популарниот, сега веќе 20 години стар натпревар во нуркање во кал во малиот град Llanwrtyd Wells.

За прв пат на првенството учествуваше сега 74-годишниот Гордон Грин, кој воедно и го измисли натпреварувањето. Пензионерот се појави во перки, со маска и цевка за нуркање и се нурна во 55 метри долгиот каллив канал.

Целта на натпреварот е за што пократко време да се преминат два такви канали. - Мора да пливате, но всушност најчесто се користи некој кучешки стил со цевката за нуркање, маската и перките.

Некои од натпреварувачите користат костими за нуркање, но Гордон се покажа како вистински мачо фраер и не користеше заштитна опрема. Се обиде и мене да ме натера да учествувам, но не дадов да ме убеди, изјави неговата 66-годишна сопруга Дијана.

Стотици гледачи и покрај непријатните временски услови ги бодреа натпреварувачите. За учествување секој од нив плаќа по 15 фунти, а собраните пари се даваат во хуманитарни цели.


                                                                                              [ 01-09-2009 ]

Никотинска вечера

Човекот кој одлучил да престане да пуши со стил и со помош на магија, проголта 200 запалени цигари. Штека цигари ја потроши во шест минути.

Магионичар од Скејрсдејл Ричи Меџик вети дека нема никогаш да запали цигара во својот живот откако во саботата го собори рекордот во голтање на никотин.

Всушност, проголта штека запалени цигари, поточно 200, во 6 минути и 3,7 секунди. Прво, ги изгаси во устата, потоа ги изжвака и на крајот ги исплука.

Педесетгодишниот Ричи пушел со децении и очигледно одлучил да ја прекине навиката со магионичарски трикови пред голем број на деца.

- Нивната реакција и ден денес ме восхитува, рече мајсторот за илузии, на кој, се плашиме, му требале многу повеќе трикови за да се одвикне од никотинот.

Но покрај магионичарски, изведбата прикажа и неколку едукативни форми.

- Децата ми рекоа дека било толку гадно што никогаш нема да почнат да пушат, вели Ричи кој сензацијата ја изведе во Rogue Magic и Fun Shop во Елмхарст во Њујорк.


                                                                                              [ 31-08-2009 ]

Рекордер: Со 17 години го препловев светот

Седумнаесетгодишен Британец во четвртокот, по девет месеци едрење, ја освои титулата на најмлада личност кој сам во едрилица го преплови светот, со повеќе застанувања на брегот и со помош на екипи од соработници во придружниот брод.

Мајк Перхам во четвртокот околу 11 часот по средноевропско време помина под Кеп Лизард, најјужната точка на Англија, објавија неговиот тим и крајбрежната стража, и така го заврши патувањето околу светот, кое започна во ноември 2008 година.

Со 17 години и 164 дена, младиот човек така го сруши рекордот кој го постави Американецот Зек Сандерленд, исто така седумнаесетгодишен, но сепак два месеци постар од Перхам, кој минатиот месец го заврши патувањето околу Земјата, според Гинисовата книга на рекорди.

Мајк Перхам уште во јануари 2007 година беше најмладата личност кој сам го преплови Атлантикот. Тогаш имаше 14 години. Во неговата петнаесетметарска едрилица Перхам помина повеќе од 26.000 наутички милји за нешто повеќе од 150 дена на море.

Патувањето го однесе во Португалија, Јужноафричка Република, Австралија и Нов Зеланд. Но, не го препловел р' тот Хорн на крајниот југ на Јужна Америка, поради лошите временски услови, па го поминал Панамскиот канал.

- Успеав, го остварив мојот сон. Не можам да дојдам при себе, рече младиот морнар. Според Гинисовата книга на рекорди, најмладата личност кој сам го препловел светот, но без застанувања и без помош од страна, сеуште е Австралијанецот Џеси Мартин, кој на крајот од 1998 година како осумнаесетгодишен го преплови светот за 327 дена.


                                                                                              [ 28-08-2009 ]

После една година го пронашол венчалниот прстен

Еден Новозеланѓанец е наречен Господар на прстените кога го пронашол венчалниот прстен после повеќе од една година откако му се слизнал од прстот и паднал на морското дно.

Прстенот бил изгубен 16 месеци во главниот град Велингтон, се додека некој Aleki Taumoepeau го отрил како сјае на морското дно. -Површината на прстенот едноставно блескаше, рече Taumoepeau.

Тој бил оженет само три месеци откако го изгубил венчалниот прстен.

Грубо го означил местото каде што потонал прстенот, но ниту по неколку обиди тој не успеал да го пронајде. Неговата сопруга посакала да купи нов прстен, но Taumoepeau бил упорен и ѝ ветил дека сигурно ќе го пронајде.


                                                                                              [ 21-08-2009 ]

Се фрлил низ водопад и срушил рекорд

Американец со само 22 години срушил рекорд во веслачко спуштање низ водопад. Во најновиот потфат летал низ 56-метарската водена грдосија и допливал со само исчашен зглоб на раката.

Тајлер Брет постави нов рекорд во кајакарско спуштање низ водопади. Дваесет и двегодишникот паѓал цели 4 секунди низ 57 метри долгиот водопад наречен Palouse. При падот се нурнал на длабочина од 6 метри и му требале 7 секунди триумфално да исплива.

Предходен рекорд, Брет поставил во 2007, во Канада, каде се спушти низ водопадот Alexandra висок 32 метри, но подвигот беше за многу кратоко. Го надминал еден Брзилец спуштајќи се 38 метри во Salo Beltu.

Самоубиствениот кајакар признал дека го посетил Palouse четири пати пред да одлучи да не почести со веслата.

"Почнав да сфаќам за што сум способен и што е можно. Palouse беше добра одлука да отидам уште подалеку во непознатото и да го остварам сонот", изјави.

Погледнете го видеото:




Сподели                                                                                                                 [ 28-07-2009 ]


Продаден пиштол за 95.600 долари

Пиштолот кој припаѓал на еден од најзлогласните американски криминалци Џон Дилингер, продаден е на аукција во Далас за 95.600 долари на засега неименуван колекционер од Лос Анџелес, објавила аукциската куќа "Heritage Auction Galleries".

Пиштолот е продаден на аукција која се одржала во саботата. Станува збор за пиштолот "Remington .41-caliber double derringer" кој Џон Дилингер го имал со себе кога бил фатен во јануари 1934 год. во Туксон, Аризона.

Шест месеци подоцна федералните агенти го убиле Дилингер пред киното "Biograph Theater" во Чикаго. Дилингер славата ја стекнал по бројните ограбувања на банки.


Сподели                                                                                                                 [ 27-07-2009 ]


Реклами на Месечината

Дејдид Кент Џонс дошол до идеја да изработува џиновски реклами на Месечината кои би се гледале од Земјата.

Една реклама би ве чинела околу 46.000 долари, а спрема замислата на Џонс, кој е основач на компанијата Moon Publicity, роботи ќе го изгравираат вашето лого во песокот на површината на Месечината кое ќе биде видливо од Земјата.

Секако дека тие цртежи ќе мора да бидат големи и по неколку илјади километри, но еден директор на Coca-Cola или McDonalds комотно би можел да се согласи на таа понуда. За таквите компании цената е права ситница. Дејдид Кент Џонс сега уште треба да размисли како да ги спушти роботите на Месечината и кога. Дотогаш, уживајте на Месечината.





Сподели                                                                                                                 [ 23-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com