-->

Apple претстави нова верзија на iPhone OS

Заедно со освежената линија на iPod плеери и iTunes 9 со помодерен интерфејс, Apple издаде и нова верзија на софтверот за iPhone и iPod Touch уредите.

iPhone OS 3.1 покрај сите можности кои ги нудеше претходната 3.0.1 верзија, меѓу главните новости се Genius препораките за апликации, Genius миксови и можност за презимање звуци на ѕвонење преку безжична мрежа.

Многумина ќе ги развесели и новата опција за организирање на апликациите и екранот како на iTunes 9, а тука е и подобрената синхронизација, снимање видео од меилот и MMS со опцијата Camera Roll, подобрените Wi-Fi перформанси за iPhone 3G S, вклучен Bluetooth и далечинско заклучување на уредот преку услугата MobileMe.

Сопствениците на моделот 3GS сега можат да ја користат Voice Control опцијата преку Bluetooth слушалки.

Проширени се можностите за синхронизација на календарот и поканите во Exchange, додека мобилниот Safari доби anti-phishing сигурносна опција. Тука се и ред други помали промени и поголемата стабилност, а сопствениците на iPhone софтверот можат бесплатно да го преземат по стандарден пат, преку iTunes.

Што се однесува до корисниците на iPod Touch, важи старото правило, оваа надградба чини 4,95 долари, а доаѓа со сите нови модели кои се од вчера се во продажба.


                                                                                              [ 12-09-2009 ]

Пристигна Opera 10

Opera, веб прелистувачот од Норвешка, кој и покрај малиот удел на пазарот (околу два отсто глобално), секогаш донесува по некоја иновација, пристигна и до верзија 10.

Најважна новост во финалната верзија на Opera 10 е Opera Turbo, опција која го забрзува сурфањето на бавни интернет врски.

Кога оваа опција е вклучена, корисникот на веб страната се пренасочува на компримирана форма со серверот на Opera, кои ќе знаат да го ценат сите оние кои често се поврзуваат на интернет преку мобилен телефон или преку WiFi врска на слаб сигнал.

Меѓу другите новитети, тука е и новиот изглед на целиот веб прелистувач, подобрена брзина и стабилност, нова верзија на читачот на е-пошта Opera Mail, можност за персонализација Speed Dial (опции кои ви овозможуваат на брз пристап до одредени веб страници) и автоматско преземање за надградби.

Opera 10 може да ја преземете на официјалната страница.


                                                                                              [ 01-09-2009 ]

Видео огласи во магазините

Следниот број на магазинот "Entertainment Weekly" ќе биде посебен по тоа што ќе биде првиот печатен магазин со видео оглас.

Да, добро прочитавте: секој кој ќе го купи новиот број на "Entertainment Weekly" и ќе го пролиста, на една страница ќе наиде на екран со дијагонала од два инчи, на кој ќе се вртат огласи на компаниите CBS и Pepsi.

Составот, кој го развила компанијата Americhip, овозможува околу 70 минути видео репродукција, а целиот уред (кој, освен видео екран, има и вградени звучници) може повторно да се наполни по пат на USB интерфејс.

Од Americhip тврдат дека сето ова заедно без проблем ќе може да го поднеси процесот на дистрибуција на магазинот, а нам ни останува да видиме дали оваа идеја ќе остане едниствена или ќе се претвори во тренд.


                                                                                              [ 21-08-2009 ]

Microsoft бара програмери за изработка на мобилни апликации

После самата најава, софтверскиот гигант оваа недела ги отвори своите врати за сите заинтересирани програмери за изработка на апликации за Windows Marketplace for Mobile, сопствена online верзија на продавница за апликаци за мобилни уреди.

Програмери од 29 земји од светот се повикани да се вклучат во развој во online верзија на продавница за апликаци Windows Marketplace for Mobile. Паралелно со отворањето на продавницата, Microsoft започна натпревар наречен Race to Market Challenge, а во склоп на оној кој ќе биде најуспешен програмер ќе бидат доделени богати награди.

Како што има наведено во својот блог Тод Брикс, главниот човек на Windows Marketplace for Mobile, програмерите можат да започнат со прикачување на своите апликации или игри, кои ќе бидат прегледани во рок од десет работни дена. Доколку бидат прифатени решенијата на зададените услови, ќе бидат вклучени во Windows Marketplace for Mobile.

developer.windowsmobile.com


Сподели                                                                                                                 [ 28-07-2009 ]


Објавени први слики од Firefox 4

Прилично е забрзано во таборот на Mozilla. Не помина ни еден месец откако тимот на Firefox го претстави својот веб прелистувач во верзијата 3.5, а на официјалните страници веќе се појавиле првите слики од можниот изглед на Firefox во верзија 4.

Судејќи спрема објавените фотографии, Firefox во верзија 4 засега го очекуваат само две потенцијални измени. Табови, мошне корисен додаток на овој прелистувач кои повеќе страници ги отвора во еден ист прозорец, би можеле да бидат преместени на врвот од прозорецот (исто како што е случај кај прелистувачот Google Chrome).

Другата измена би ги обединила копчињата Stop, Refresh i Go, кои би се наоѓале на едно место, а изгледот на иконите, т.е. нивната боја ќе се менува во зависнот од акцијата на корисникот.

Секако, сите приложени фотографии, кои во целост можете да ги погледнете на страницата Wiki Firefox 4.0, само се предлози и работен изглед на новата верзија на прелистувачот. Нивна цел е исклучиво да започнат расправа околу предлогот, а прашањето е дали воопшто ќе биде земен во обзир.

wiki.mozilla.org/Firefox/4.0_Windows_Theme_Mockups


Сподели                                                                                                                 [ 28-07-2009 ]

Windows 7 RTM

Новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 7, е довршен, т.е. ја достигна RTM верзијата, која сега се испраќа на производителите на компјутери и софтвери, исто така и на партнерите на Microsoft, поради тестирање и за изработка на управувачки програми.

Кога некој софтверски производ ќе ја достигне RTM верзијата (Release to Manufacturing), тоа всушност значи дека е финализиран. Windows 7 сеуште не можете да го купите, но RTM верзијата се испраќа на партнерите на Microsoft кои во следните неколку месеци внимателно ќе ја тестираат новата верзија на своите производи, како би биле компатибилни со новиот Windows. Да се потсетиме, кога се појави Vista-та на пазарот, тоа и не функционираше баш најдобро, така да се надеваме дека овој пат резултатите ќе бидат подобри.

Секако, верзијата Windows која е официјално означена како RTM, со целосно име Windows 7 7600.16385, веќе ги преплави пиратските страници, но вистинската, легална и официјална финална верзија ќе се појави на пазарот дури на 22 октомври оваа година.


Сподели                                                                                                                 [ 23-07-2009 ]


Пробна верзија на Office 2010

Внимателно одбрана група на корисници добија можност да ја испробаат раната верзија на Microsoft Office 2010. Во пробната верзија не се вклучени оnline верзиите Word и Excel.

Microsoft Office 2010 сеуште е на правиот пат да биде довршен и пуштен во продажба во почетокот на 2010 година како што беше и првично најавено. Оваа недела е направена пробната верзија на софтверскиот пакет, кој што ќе го испробуваат внимателно одбрани корисници посебно вешти во користење на такви апликациии. Од тестирањето се исклучени online верзиите Word i Excel кои што би требало да бидат достапни по пат на интернет страниците и тоа бесплатно. Секако, дел од трошоците Microsof ќе ги врати со поставување на обемни реклами на тие страници.

Софтверскиот гигант со овој чекор ќе се обиде да му парира на интернетскиот гигант Google кој веќе некое време нуди бесплатни online апликации кои што се повеќе се употребувани. При тоа на Microsoft му е многу важно тоа што со бесплатните особености да не ја загрози продажбата на својата златна кокошка, имено одделот за Office во 2008 година забележал профит од повеќе 12 милијарди долари и повеќе од 20 милијарди промет.

За сега не се познати цените на овој Office пакет само се знае дека ќе постојат пет верзии, две наменети за поголемите корисници и три за домашните корисници и малите фирми.


Сподели                                                                                                                 [ 14-07-2009 ]


Google ќе прави оперативен систем

Веста која ги одекна техно блоговите како бомба е тоа дека пристигнувачкиот продукт на Google, каде интернетскиот гигант станува директна конкуренција на Microsoft: Google Chrome OS. Станува збор на оперативен систем заснован на Linux, а ќе биде лесен, брз и сигурен.

Google. Навикнати сме на тој збор затоа што секој ден ги користиме неговите производите, веројатно почесто од производите на било која друга компанија. Некаде кон крајот на 2010, тој факт конечно би можел да го погоди Microsoft бидејќи Google претставува оперативен систем кој сакале или не ќе биде голема конкуренција на Windows.

Иако Google не излезе во јавноста со многу детали, Google Chrome OS дефинитивно ќе биде заснован на Linux и ќе биди лесен, брз и сигурен во почетокот наменет за нетбуковите. Станува збор за пазар кој Microsoft потполно го промаши претставувајќи спора и графичка барана Vista во време кога на пазарот малите и не од секогаш моќни нетбукови, па така овие уреди често се продаваа во некоја варијанта на Linux.

Секако целиот оперативен систем ќе биде примарно фокусиран на искуството на користење на интернетот, прецизно на веб прелистувачот Google Chrome. На Google му е јасно дека на луѓето, поголемиот дел од своите дневни, па и работни задачи ги прави online, така да веќе подолго време се прават теории за оперативен систем кој би се состоел само од некои ненаметливи Linux подлоги и веб прелистувачи.

Веруваме дека така некако ќе изгледа и Google Chrome OS, а сите оние кои мислат дека вакво нешто нема шанси против семоќниот Windows, би можеле да се излажат: во последните неколку години времето на гломазни, големи и бавни оперативни системи е зад нас.


Сподели                                                                                                                 [ 08-07-2009 ]


Firefox 3.5 достапен за преземање

Долго очекуваниот Firefox 3.5 од денес е достапен за преземање, чекајќи месеци на тестирања. Последната верзија на овој пребарувач има многу нови каратктеристики и исправки на некои грешки.

Веројатно најважната работа која што го прави брз, е благодарение на новиот Javascript пребарувач. Но исто така има и некои нови работи како на пример приватното пребарување кое ви дозволува да пребарувате низ интернетот без да се зачува тоа што сте барале. Тука е и подршката за разделување на табовите кое што ви овозможува да ги пренесувате од еден прозорец во друг.

Firefox 3.5 исто така подржува HTML видео кое што ви овозможува гледање на видеа без plugins. Брзината е зголемена за дури два пати во споредба со неговиот претходник што претставува сериозен конкурент на Chrome и Safari 4, па затоа преземете го уште сега.

Firefox 3.5 можете да го симнете тука.

[ 30-06-2009 ]


Microsoft ги објави цените за Windows 7

Microsoft ги објави цените на новиот оперативен систем Windows 7 кој треба да пристигне во октомври, а купувачите во САД имаат попусти ако верзијата ја нарачаат веќе од денеска, додека тоа за Европа не важи.

Windows 7 доаѓа во три основни верзии: Windows 7 Home Premium, Professional и Ultimate, a цените се 199,99 долари, 299,99 и 319,99 долари. Ако само сакате да го надградите вашиот сегашен оперативен систем (Vista или Windows XP), ќе мора да издвоите 119,99, 199,99 односно 219.99 долари.

Интересно е што во Европа ќе нема никакви попусти, додека во САД ако сега ги порачате Home или Premium верзијата ќе платите само 49,99, односно 99,99 долари. Microsoft тврди дека тоа е поради европските регулативи, но поверојатно е дека компанијата сака да се освети поради големите проблеми со европските закони. Помеѓу другото, Microsoft ќе треба да плати неколку високи казни поради не почитување на пазарот, a Windows 7 во Европа ќе треба да се испорача без веб прегледник.


[ 29-06-2009 ]

Зошто да инсталирате 64-битна верзија на Windows 7?

Ако спаѓате во групата на корисници кои намерно или случајно сте го прескокнале оперативниот систем Vista, тогаш дојде ред да го инсталирате Windows 7, и тоа неговата 64-битна верзија.

За оваа идеја би требало да размислат сите оние кои што имаат Intel Core 2 Duo или некој од поновите 64-битни процесори.

Основното прашање е зошто баш сега 64-битна верзија, а одговорот е едноставен и содржен само во еден збор – меморија. Со 32-битна верзија вие сте ограничени на 4 GB меморија, а дури и тога имате слободно само 3.3 GB.

Со 64-битната верзија системот од 4 GB рам е минимум, а Windows 7 (па и Vista) работи одлично со таа конфигурација. Вашиот компјутер ќе работи одлично, а инженерите од Microsoft препорачуваат кога ќе излезе целосната верзија на Windows 7 да се користи 64-битната верзија.

Доколку не планирате да го надградите вашиот компјутер на 4 GB меморија, тогаш ви предложуваме да си останете на 32-битната верзија, бидејќи нема да можете целосно да го искористите потенцијалот на 64-битната.

Microsoft ќе ги храни гладните

Дали станува збор за неподносливото секојдневие кое им го создаваат конкурентите, за огромната хуманост или за комбинација од двата предуслови, не знаеме. Она што го знаеме е дека со секое превземање на Internet Explorer 8, Microsoft ќе дарува 8 оброци на гладните Американци.

Со кампањата која ќе трае до 8-ми август под името „Browser for the Better“, со секое симнување на веб пребарувачот од официјалната веб-страна на кампањата Microsoft ќе подари пари за 8 оброци на здружението Feeding America, се додека донациите не ја достигнат сумата од еден милион долари. Кампањата симболично започна со еден уметнички проект во кој од лимени конзерви за храна беа направени макети на Емпајар Стејт Билдинг и мостот Голден Гејт.

IE8 е бесплатен за симнување и користење и вклучува новитети како што е опцијата In-Private Browsing (или по нашки „порно алатката“ :) ) која не регистрира „колачиња“ (cookies), историја, привремени датотеки и лозинки.

Според последните статистички податоци, третата верзија на Mozilla Firefox зазема 35% од вкупниот удел на пазарот, со што веќе го престигна Internet Explorer 7, прелистувачот на Microsoft со кој сурфаат 34% од интернет корисниците во светот.

Пристигна Safari 4

Интернет прелистувачот на Apple, Safari 4, конечно излезе од бета верзија и е достапен за преземање. За тие што не знаат, Safari 4 носи голем број на сигурносни надградби и опции во однос на претходната верзија.

Доколку ја користевте бета верзијата, веќе сте добро запознаени со подобрениот кориснички интерфејс, cover-flow прегледувањето на страниците што сте ги посетиле, како и значително прилагодениот изглед на самиот прелистувач со Windows.

Од Apple велат дека новиот Safari 4 е за четири пати побрз од неговите претходни изданија, како и дека е далеку побрз од конкурентските прелистувачи - што го прави убедливо најбрзиот интернет прелистувач во светот. Тоа што е интересно за веб-девелоперите е дека Safari 4 со себе носи и поддршка за нови веб страндарди - имплементација на HTML 5 и CSS 3, како и нов JavaScript енџин наречен Nitro.

Safari 4 можеш да го симнеш тука.

 

Copyright © 2009 selotejp.com