-->

Google Chrome 3

Нешто повеќе од една година после првото претставување на Google Chrome на јавноста, Google ја објави и верзијата 3 на својот веб прелистувач.

Според официјалното соопштение, Google Chrome сега е 25% побрз од својата претходна верзија при извршување на JavaScript на веб страниците, со што на корисниците ќе им биде забрзано вкупното прегледување на веб страниците. Подобрувања се направени и на полето на управување со табовите, како и при манипулација со аудио и видео содржините.

- Chrome 3 е резултат на работата на 51 програмери, претставување на 21 бета и 15 стабилни верзии и поправени точно 3.505 грешки во прелистувачот, се вели на официјалниот блог на веб прелистувачот.

Google Chrome за само една година од претставувањето, е на третото место на веб прелистувачи, со удел од околу 3%, а во наредната година се очекува процентот двојно да се зголеми.

Сите новитети за новата верзија можете да ги прочитате на официјалниот блог, а најновата верзија можете да ја преземете тука.


                                                                                              [ 16-09-2009 ]

Google Fast Flip

Веќе се навикнавме на тоа дека интернет гигантот Google постојано ги надополнува и унапредува своите сервиси и услуги, па затоа ни малку не сме изненадени на претставувањето на новиот начин на приказ на Google News.

Google во текот на вчерашниот ден на својот официјален блог ја објави веста за новиот експеримент на инжењерите од Google Labs. Google Fast Flip овозможува прегледување на веб содржини, извори на вести, на начин како што се прелистуваат класичните печатени магазини и весници.

Содржините кои Google ги прикажува под закрилата на Fast Flip се овозможени благодарение на соработката на речиси четириесет медиски куќи како New York Times, Newsweek, BBC и други.

Google ја претстави и мобилната верзија на Fast Flip, наменета за корисниците на iPhone или било кој смартфон кој подржува Android, посебно прилагодени за споменатите уреди.

fastflip.googlelabs.com


                                                                                              [ 15-09-2009 ]

На интернет најмногу се сурфа навечер

Компанијата Arbor Networks истражувала во кое време од денот најмногу се користи интернет. Во Европа тоа е девет часот навечер, а во САД во 11 часот навечер.

Arbor Networks направи голема студија меѓу интернет провајдерите во кое време бележат најголем сообраќај на мрежата. Интернет сурферите од Соединетите Држави и Канада најмногу преферираат да седнат и сурфаат во доцните вечерни часови, па најголемо оптоварување на мрежата е во 11 часот навечер.

Сурфањето почнува во осум часот навечер и трае до доцна во ноќта. На пример, во два часот по полноќ подеднакво е голем сообраќајот како и во девет часот наутро кога Американците пристигнуваат на работа и го пуштаат компјутерот и ја проверуваат поштата и новости.

Европските сурфери не се такви ноќни птици и тие најмногу сурфаат во девет часот навечер, по што нагло се намалува оптоварувањето на мрежата.

Интересно е тоа што до неодамна најголемо мрежно оптоварување е забележано во време кога корисниците биле на работа, а врв било времето пред да ја напуштат работата. Се чини дека големите брзини на домашниот пристап на интернет ослабеле на притисок на бизнис линковите.

Истражувањето се занимавало и со тоа до каква содржина пристапуваат ноќните сурфери. Повеќето се работи за онлајн видео сервиси како YouTube и порнографија во подоцнежните часови од ноќта, а вечерта е особено оптоварена со онлајн играчи.

Бидејќи истражувањето е направено за време на летото, се претпоставува дека многу голем сообраќај е направен со игри на последица на училишните одмори, па Arbor ќе го повтори истражувањето и во другите годишни времиња.


                                                                                              [ 05-09-2009 ]

Купете си пријатели на Facebook!

Австралиската интернет страница uSocial.net оваа недела им понудила на корисниците на Facebook нови пријатели со паричен надоместок.

Страница на Facebook нуди цела палета на услуги од пакети со 1.000 пријатели за 177,30 долари до 5.000 пријатели за 654,30 долари.

Можно е да се купи "поддржувачи" чиј број не е ограничен за цена од 177,30 долари за 1000 до 1.167,30 долари за 10.000 поддржувачи.

uSocial кој го опишува Facebook како "гигантска рекламна платформа", сугерира на комерцијален интерес за купување на пријатели.

- Со широк круг на пријатели на Facebook, имате цела група на пријатели со кого може да контактирате за рекламирање на она што го сакате", уверува интернет страната.

Facebook е "крајно ефективна маркетиншка алатка", се вели во изјавата на директорот на uSocial Леон Хил. - Единствениот проблем е тоа што понекогаш е тешко да се соберат заинтересирани. Тука ние интервенираме.


                                                                                              [ 04-09-2009 ]

Gmail "падна" и по трет пат оваа година

Популарниот сервис за бесплатни пораки кој го користат милиони луѓе низ целиот свет, вчера вечер не можеше да се логира.

Имено, сервисот повторно "падна", трет пат во рок од половина година. Првиот пат тоа се случи на 24 февруари кога Google и на страниците објави дека има проблем. Дефектот беше отстранет по три часа, но меѓу корисниците на интернет ширум светот, завладеала вистинска паника, бидејќи голем број на корисници преку Gmail извршуваат работни задачи, разни трансакции и сл.

Слично на тоа, се случи и на 8 мај. Како и во февруари, Google се огласи со кратка изјава, а во неа наведе како се свесни дека дефектот предизвикува проблеми на десетици милиони нивни корисници.


                                                                                              [ 02-09-2009 ]

Google нуди повеќе од еден милион бесплатни е-книги

Google годинава собира книги на кои им се истечени авторските права и ги дигитализира. Книгите се нудат во познатиот PDF и во EPUB форматот, прилагодени за електронските читачи.

Google спроведува многу амбициозен, но вреден проект за дигитализација на книги на кои им се истечени авторските права. Тоа се главно постари дела кои во хартиена форма дефинитивно ќе пропаднат после некое време, а во дигитален облик стануваат достапни за секого.

Интернетскиот гигант позајмува книги од библиотеките низ целиот свет и ја фотографира секоја страница, а потоа ги комбинира во една голема слика од која ќе извлечи текст со OCR софтверот.

Google чува оригинална дигитална фотографија во својата архива, а извлечениот текст го претвора во HTML, PDF или EPUB.

Најинтересен е EPUB форматот, затоа што се прилагодува на сите популарни електронски читачи, а се работи за отворен и бесплатен стандард кој засега најдобро го подржуваат електронските читачи на Sony.

Подршката за отворениот стандард на форматот за електронски книги веројатно ќе може да се додаде и во другите читачи, но тоа првенствено зависи од нивните производители.

Google Books


                                                                                              [ 27-08-2009 ]

Објавете видео на YouTube и заработете

На крајот од 2007 година YouTube ја започна YouTube Partnership Program, соработка која на популарните корисници на овој сервис им овозможува да заработат од нивните видео исечоци.

Од кампот на тој интернетски гигант одлучиле да ја прошират програмата.

Програмот YouTube Partnership Program, (YPP), отсега е достапен и на пошироката маса, известуваат од YouTube, но за да ги задоволат барањата за влез, корисниците мораат да задоволат одредени барања.

“За да одредат дали одредено видео да задоволува влез во програмата, YPP ќе ги набљудува фактори како популарноста на одреден видео запис, бројот на гледања и задоволување на одредени услови за користење на YouTube.“ наведено е на официјалниот блог на сервисот.

“Ако вашето видео ги задоволува зададените услови, ќе добиете мејл со наслов Enable Revenue Sharing , што ќе ви овозможи преку услугите на Google Adsense да заработувате на својот видео запис.“- истакнуваат од компанијата.

На жалост на домашните корисници, проширувањето на програмата YPP иницијално започнува исклучиво на поднебјето на САД, но постапно ќе се прошири и низ остатокот на светот.


                                                                                              [ 26-08-2009 ]

Џесика Бил е најопасна личност на интернет

Пребарувањето на интернет на холивудски ѕвезди може да биде поприлично опасно, бидејќи корисникот може да наиде на еден куп "лоши" страници, преполни со содржини како што се ...

... вируси, spyware, тројанци и слично. Најголемата закана меѓу холивудскиот крем оваа година му припадна на Џесика Бил.

Фирмата која се занимава со компјутерска безбедност McAfee и оваа година состави листа на "најопасни" ѕвезди, а на врвот се најде Џесика Бил. Доколку го напишете нејзиното име на Google, еден од петте резултати ќе бидат страници со, во најмала рака, сомнителна содржина.

По Џесика следат Бијонсе, Џенифер Анистон, Том Бреди, Џесика Симпсон, Жизел Бундхен, Мајли Сајрус, Меган Фокс, Анџелина Џоли и Ешли Тисдејл. Бред Пит, кој минатата година беше на првото место, падна на десеттото.

Секоја од овие ѕвезди претставува различна закана, но дефинитивно она од што треба да се држите понастрана е од пребарување на мелодии за мобилни (ringtones) и чуварот на екранот (screensaver) затоа што погоре наведените имиња во комбинација со овие клучни зборови скоро секогаш носат лоши резултати.


                                                                                              [ 25-08-2009 ]

Енциклопедија на животот достигна 150.000 статии

Енциклопедија на животот, онлајн проект со цел за обединување на сите животински и растителни видови во едно место, во својата втора година на постоење, достигна значителна количина на статии.

Овој колаборациски проект сместен на адресата www.eol.org достигна бројка од 150.000 објавени статии, кои настанаа благодарејќи на бројката од речиси два милиони корисници од повеќе од 200 земји.

Проектот има за цел да има статија за секој од 1,8 милиони живи видови, што би требало да се постигне во период од наредните десет години.

Корисниците на оваа онлајн енциклопедија им дозволува создавање на страница посветена на растителни или животински видови во текстуален, видео или сликовен облик, но пред секое објавување, секоја статија оди до уредување од страна на специјалист за одредена тема.

Енциклопедија на животот проектот беше започнат во 2007 год. со финансиска инјекција на спонзори во износ од 10 милиони долари.


                                                                                              [ 25-08-2009 ]

Сите отпуштаат, Facebook вработува

Facebook до крајот на годината ќе го зголеми бројот на вработени за дури 50 посто, а со оглед на глобалната рецесија и вишокот на работна сила на пазарот, нема да биде проблем во одбирањето на работници.

- Никој друг не вработува, што нас, со оглед на вишокот на работна снага на пазарот, претставува одлична клима за одбирање на нови квалитетни инжењери за нашиот тим, изјави помеѓу останатото соосновачот и извршниот директор на Facebook Марк Зукерберг во својот разговор за Bloomberg.

Најпопуларната друштвена мрежа на светот моментално во својот тим има околу илјада вработени, а до крајот на оваа година таа бројка планираат да ја зголемат за околу 50 посто.

Како што наведува Bloomberg, Facebook сепак нешто побавно ја зголемува својата работна снага, доколку се спореди овој онлајн сервис со другите успешни компании. Google, на пример, до 2005, три години со ред го удвостручуваше бројот на работници.

Бројот на корисници на Facebook моментално се движи околу импресивни бројки од 250 милиони.


                                                                                              [ 24-08-2009 ]

Поради Twitter добила тужба од 50.000 долари

Вистина е дека друштвената мрежа и микроблогинг сервисот Twitter стануваат меинстрим, а тоа го докажува и најновиот случај во кој една компанија во сопственост држи цела низа стамбени згради ...

... поради нарушување на угледот на компанијата на Twitter, одлучила да ја тужи својата поранешна станарка.

Аманда Бонен наскоро ќе се најде на обвинителната клупа, а доколку судот ја прогласи за виновна, освен судските трошоци, ќе мора да плати и отштета во износ од 50.000 долари.

Додека престојувала Бонен во еден од становите во сопственост на компанијата Horizon Group Managemen, објавила порака на Twitter во која се жали дека станот е мошне влажен и мувлосан. "Who said sleeping in a moldy apartment was bad for you? Horizon realty thinks it's okay", гласи нејзината објава на Twitter.

Horizon смета дека тука се работи за директно нарушување на угледот на компанијата и од Бонен очекува извинување и отштета во износ од 50.000 долари. Исто така во компанијата признаваат дека спорниот стан навистина бил влажен, но само затоа што се работело на кровот од зградата, кој почнал да протекува, а не бидејќи компанијата Horizon изнајмува влажни станови.

Но Бонен ја тужела компанијата, неколку дена пред да го напушти станот, а поради навреда на правата на станарите, бидејќи наводно компанијата не ја исплатила каматата на депозитот, кој во прилика на изнајмувањето на станот го оставила. Спрема одредбите на американските закони, газдите се обврзани тоа да го направат.

Било како било, Бонен веќе не е станарка на станот во сопственост на компанијата Horizon и останува да видиме како ќе заврши овој случај.


Сподели                                                                                                                 [ 29-07-2009 ]


Падна продажбата на Microsoft

Microsoft не е компанија која е навикната на падови и губитоци. Овој гигант всушност само растеше и покрај прилично лошиот прием на Vista, но рецесијата го зеде данокот па и Microsoft бележи за прв пат пад на продажбата на годишно ниво во историјата на компанијата.

Microsoft така во текот на 2009, оствари продажба од 58,44 милијарди долари, што е импресивна бројка но е сепак за 3,2 % помала од 60,42 милијарди колку заработила компанијата во истиот период 2008 година. Паднала и нето добивката, и тоа за 17 %: од 17,68 милијарди на 14,57 милијарди долари.

Иако цела година (за стандардите на Microsoft) не беше блескава, најлош беше последниот квартал, кога продажбата паднала за 17 %, од 15,84 милијарди на 13,1 милијарди долари, додека добивката паднала за цели 29 %, на 3,05 милијарди долари. Оперативната добивка опаднала во последниот квартал за 9 %, на 20,36 милијарди долари.

Од Microsoft кривицата ја ставаат на лошата продажба на компјутери и сервери, а покрај лошите резултати, мора да им се признае една работа: глобалната рецесија зафати се, компјутерите се продаваат навистина лошо. Vista-та се покажа како тотален промашај, а компанијата сепак солидно соработува. Пред крајот на годината стигнува Windows 7, па доколку се поправи економската ситуација, се очекува дека и Microsoft ќе се врати на стазите на старата слава.


Сподели                                                                                                                 [ 24-07-2009 ]


3D видео на YouTube

YouTube веќе неколку дена експериментира со 3D видео исечоци, кои може да ги гледате со посебни очила. Но, до денес никој освен нив не знаеше како да се сними такво видео и да се постави на YouTube. Сега, кога тоа е објавено на службениот блог на YouTube ...

... можеме да речеме дека подршката за 3D е службена, со тоа очекувајќи илјадници вакви видеа кои ќе ги снимат самите корисници.

Како прво мора да напоменеме дека 3D видеата на YouTube сеуште не функционираат совршено: на пример, доколку поставиме такво видео во овој текст, нема да биде исправно прикажан. Но, на самиот YouTube, што може да проверите овде, тоа функционира прилично добро; секако, доколку имате 3D очила. Под секое 3D видео ќе се појави и посебно мени во кое ќе можете да промените разни параметри, во зависност од тоа каков вид на очила имате.

Доколку сами сакате да направите нешто слично, изработката на такви видеа е прилично едноставна. Набавете две видео камери (два мобилни се во ред), поставете ги една до друга (отприлика оддалечени колку очите кај човекот), и на крај притиснете го копчето за снимање во исто време. После тоа двете видео исечоци ставете ги во некоја програма за обработка на видеа, поставете ги видео исечоците еден до друг (десното видео на левата страна и обратно) и снимете го резултатот. После тоа ставете го видеото на YouTube, сменете го видео тагот и додадете "yt3d:enable=true" за стандарден формат или "yt3d:aspect=16:9 too" за widescreen формат.

Погледнете ја расправата за 3D видео на службениот форум на YouTube.


Сподели                                                                                                                 [ 23-07-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com