 Жените кои секојдневни пијат најмалку 5 филџани зелен чај во просек имаат за 20 отсто помал ризик да заболат од рак на желудник, сугерира последното јапонско истражување.
Жените кои секојдневни пијат најмалку 5 филџани зелен чај во просек имаат за 20 отсто помал ризик да заболат од рак на желудник, сугерира последното јапонско истражување.Новите наоди се темелат врз анализа на шест претходно спроведени истражувања во кои учествуваат 219.000 испитаници постари од 40 години. Учесниците во студијата се следени во период од седум до 11 години.
Научниците во стручниот магазин „Gut“ добиените наоди ги објаснуваат со влијанието на антиоксидансите во зелениот чај врз бактериите кои се поврзуваат со појавата на рак на желудникот.


 
														




 







