„This is it“, новата музичка нумера на Мајкл Џексон ќе биде објавена како сингл на 12 октомври, најавуваат од компанијата Sony Music Entertainment.
Песната во која како бек-вокали се појавуваат браќата на Мајкл, ќе биде дел од двојното CD во кое ќе има музика користена во филмот „This is it“.
Албумот ќе се појави на 26 октомври. На првиот диск ќе се најдат двете верзии од споменатиот сингл и обработките на оригиналните хитови кои беа прилагодени за филмот. На второто CD ќе се најдат досега необјавените песни на кралот на поп музиката.
Филмот „This is it“ својата премиера ќе ја има на 28 октомври.
Неколку илјади фанови на Мајкл Џексон и покрај дождот во Њујорк, во еден парк во саботата попладне го прославија неговиот 51 роденден, обележан на сите четири страни на светот.
Во почетокот на попладневните часови се собраа околу илјада луѓе во Проспект паркот во Бруклин, за да во текот на попладнето и покрај дождот бројката се зголеми на 10.000 лица.
Во Индија, неколку од најголемите ѕвезди на Боливуд, во саботата им поклонија на публиката видео снимка во чест на починатата поп ѕвезда.
Во Мексико се подготвија помеѓу 12 и 15 илјади танчери кои планираа заедно да ја одиграат славната кореографија од албумот "Трилер" од 1982 година.
Во Париз, повеќе од 2.500 фанови присуствуваа на приредбата во негова чест, со проекција на видео клипови од неговата кариера на најголемиот кино екран во Европа.
Мајкл Џексон требаше да биде погребан во саботата, на својот 51 роденден, но погребот ќе се одржи во четврток на гробиштата Форест Лон во предградието на Лос Анџелес.
Во петокот Институтот за судска медицина од Лос Анџелес во соопштението се вели дека поп ѕвездата умре на 25 јуни од "акутно труење со пропофол", силен анестетик кој беше пронајден во неговата изнајмена куќа во Лос Анџелес.
Авторот и гитарист Ноел Галагер (42) најави заминување од британскиот рок бенд Оазис, откако имаше расправа со неговиот брат Лиам (36), со што во петокот е откажан нивниот концерт кој беше закажан за во Париз.
Ноел се извини поради откажувањето на концертите, објавувајќи дека го напушта еден од најголемите британски поп бендови поради разлики во мислењето со неговиот брат Лиам.
- Ја напуштам групата со голема тага и жалење. Луѓето можат да пишуваат што сакаат, но јас веќе не можам да соработувам со Лиам ниту еден ден, објави Ноел Галагер на интернет страната на групата.
Конфликтите помеѓу браќата Галагер траат веќе подолго време, а во последните неколку месеци воопшто и не комуницирале. На концертите доаѓале одвоено, престојувале во различни хотели, а се гледале само на сцената.
Шпекулациите за распадот на бендот се засилиле кога бил откажан нивниот настап на фестивал "В" во Шелмсфорд минатата недела. Освен на концертот во Париз за кои се продадени 30.000 влезници, требало да настапат во Италија и Германија.
Браќата Галагер ја формирале групата во Манчестер 1991 година и тие беа единствените оригинални членови кои останаа во групата уште од првиот ден. Оазис прерасна во еден од највлијателните британски рок бендови на новата генерација.
Во целиот свет имаат продадено повеќе од 50 милиони албуми. Во нивните успеси се вклучени и осум британски број еден синглови.
По неофицијалните гласини, стигна и потврдата: судскиот вештак од Лос Анџелес официјално потврди дека Мајкл Џексон е убиен!
- Причина за смртта е акутно труење со пропофол. Го прогласивме начинот на кој Мајкл Џексон умре: убиство, изјави во Лос Анџелес судскиот вештак кој ја спроведе аутопсијата.
Во телото на Џексон е пронајдена смртоносна доза на многу силен лек за ублажување на болка, пропофол. Полицијата за сега најмногу се сомнева на д-р Конрад Мареј, личниот лекар на Џексон, но тој не беше осомничен и за време на испитувањата постојано тврдеше дека не сторил ништо лошо.
Освен пропофолот, во телото на Мајкл Џексон се пронајдени и лековите мидазолам, диазепам, лидокаин, лоразепам и ефедрин.
R & B ѕвездата Крис Браун (20) вчера беше осуден на условна затворска казна од пет години и шест месеци општествено корисна работа, бидејќи во февруари ја претепа својата поранешна ...
... девојка Ријана, а во наредните пет години не смее да и пријде на пејачката.
Судијката од врховниот суд во Лос Анџелес, Патриша Шнег Браун го предупреди дека можи да заврши во затвор доколку прекрши било кој услов, вклучувајќи го и оној да се држи најмалку 100 метри подалеку од Ријана.
Браун би требало да помине и едногодишно советување за неприфатливоста на семејно насилство.
Ријана не била присутна за време на судењето, а Браун беше придружуван од неговата мајка.
Адвокатот на Ријана рече дека 21-годишната пејачка не се противи на забраната за приближување, која допушта да се приближат еден до друг само доколку тоа го бара работата.
Неверојатна снимка која докажува дека Џеко е жив, денес е пуштена во јавноста.
Порталот KTLA.com објави доказ кој предлагачите на теорија нестрпливо го очекуваа - Мајкл Џескон на денот на неговата смрт излегува од комбето жив и здрав.
Лицето на Мајкл Џескон , сепак, не се гледа, но спрема одењето, држењето и косата лесно може да се заклучи дека се работи за кралот на поп музиката. Или, барем некој кој верно ги "ископирал" неговите движења и имиџ.
Личноста која е сопственик на ова видео во подземната гаража во болницата во Лос Анџелес, напиша: "Ова видео докажува дека Мајкл бил жив откако неговото наводно мртво тело било транспортирано кај судскиот вештак".
"Ја проверив регистрацијата на комбето и се покажува дека кралот на поп скокна од истото возило во кое што беше неговато мртво тело. Ја имам оригиналната снимка што ја добив од сигурен и доверлив извор".
Верувале или не, сигурни сме дека во годините што следат не очекуваат еден куп докази и "докази" дека Џеко е сеуште жив.
Во склоп на "Sticky & Sweet" турнејата, Мадона вчера настапи во Белград на Ушче пред 30 илјади обожаватели. Српските медиуми известуваат дека концертот беше полн час подоцна, бидејќи, наводно, кралицата на попот сакала ...
... "додатно да ја вжешти атмосферата и да ја натера публиката во уште поголема нетрпеливост.
Според првите реакцијии, шоуто кое започна со песната "Candy Shop", беше голем спектакл во кој до совршенство е извежбан секој чекор, а на сцената, меѓу другите нешта, продефилираа и бели олд-тајмери.
Според извештајот на судскиот вештак, конечно е утврдено дека во случајот на смртта на Мајкл Џексон сепак станува збор за убиство, како што и судските испитувања утврдија смртоносни дози на дрога во телото на починатиот.
Со тоа обвинението за убиство против лекарот на Џексон Конрад Мареј станува многу сериозна, бидејќи всушност тој секоја ноќ интравенозно му давал лек Пропофол против несоница.
Главниот истражувач и судски вештак на Лос Анџелес, д-р Sathyavagiswaran ги разгледал токсиколошките наоди и сфатил дека смртта е резултат на смртоносни дози на еден моќен анестетик во комбинација со два типа на седативи, Lorazepam и Midazolam, кои му ги давал Мареј во текот на неговата последна ноќ, пренесуваат британските медиуми.
Проблемот е во фактот дека овие лекови Мареј не ги набавил легално, со користење на лиценца, а во куќата на Џексон се пронајдени многу пакувања на лекови кои го усмртија пејачот. Мареј тврди дека тој не е единствениот доктор кој му давал лекови на Џексон.
Прамен од косата на Мајкл Џексон со посебна постапка ќе биде претворена во низа дијаманти за која се очекува вртоглава цена. Компанијата која се занимава со претворање на луѓе во дијаманти, косата ја добила од ...
... продуцентот на спотот за Пепси рекламата во 1984 год. во која Џексон поради пиротехничкиот инцидент му изгоре пола глава.
Американската компанија LifeGem објавила дека откупила прамен коса од продуцентот за реклами за Пепси, за чие снимање, пред 35 години, косата на Мајкл Џексон се претвори во оган.
Од компанијата објаснуваат дека со посебна постапка извлекуваат јаглерод од органските остатоци, со кои под голем притисок и топлина го претвораат во дијаманти.
Веќе го направивме истото со остатоци од косата на Лудвиг ван Бетовен, наведуваат од LifeGem.
Цената која ја плаќаат роднините за "дијамантизација" на своите најдраги се движи од 2500 па до 16.000 евра, а за Џеко очекуваат дека ќе постигнат далеку поголема цена.
На аукциите ширум светот наскоро се очекуваат повеќе работи во сопственост на преминатиот крал на попот. Белата нараквица која ја носеше на турнејата Victory 1984 без проблем ќе го премини износот од 100.000 фунти, кажуваат специјалисти.
Погледнете го видеото кога изгоре косата на Џексон:
Корисниците на интернет можат да слушнат досега необјавена песна од Мајкл Џексон „A place with no name“ во која неодамна починатиот крал на попот пее дека сака да побегне на некое непознато место.
Песната во траење од 25 секунди е обработка на познатиот хит од 1971 година „A horse with no name“ од групата Америка.
Не е познато кога Џексон ја снимил песната што вчера ја објави сајтот TMZ.com
Пејачката Ејми Вајнхаус и нејзиниот чуден сопруг Blake Fielder – Civil од денес се службено бивши сопрузи.
Дваесет и седумгодишниот Блејк денес по брза постапка во централен Лондон доби развод од својата денес, веќе бивша дваесет и петгодишна Ејми Вајнхаус.
Но како ниту еднан странка не била присутна на сослушувањето, проблемот околу нивниот брак е решен дословно за неколку секунди, бидејќи нивниот случај беше само еден од низата 25 разводи кои денес морало да бидат решени. Двегодишниот брак на Ејми и Блејк го поништи судијата Мајкл Сегал на експресен начин!
Голем број на sвезди пристигнаа за да му оддадат почит на кралот на попот на комеморацијата која се одржа во Стејплс центарот во Лос Анџелес. Без многу зборови, ви пренесуваме дел од комеморацијата во слики како и во видео материјал.
Славниот водител Лари Кинг им го покажуваше на гледачите Неверленд, во друштво на брат му на Мајкл, Џермејн, а јавувањето го одбележа дух или обична сенка.
Доволно беше Си-Ен-Ен во сенката да го види духот од неодамна починатиот Мајкл Џексон, текстот да го украси со атрактивен наслов и да му додаде ексклузивно видео, за приказната молскавично да се прошири по интернет.
Еве ја скратената верзија, а заклучокот донесете го сами. Што и да е, ќе помине одлево надесно.
Да, време е за неколку неверојатни фотографии на овој прекрасен ден. Опуштете се, релаксирајте се и погледнете неколку фотографии додека и онака сте тука! Нема да бидете разочарани ...
Летните олимписки игри 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, одлучија членовите на Меѓународниот олимписки комитет на седницата која денеска се одржа во Копенхаген. Рио ја доби ...
Интернет страницата за онлајн аукција „eBay“ го повлече огласот на десет годишното девојче од Велика Британија, кое сакало да ја продаде својата баба. Зои Пемблтон ја ставила својата 61-год ...
Жените кои секојдневни пијат најмалку 5 филџани зелен чај во просек имаат за 20 отсто помал ризик да заболат од рак на желудник, сугерира последното јапонско истражување. Експертите од ...
Microsoft го објави Security Essentials, бесплатен анти-вирус и безбедносен софтвер за сите верзии на Windows оперативниот систем. Претходно овој софтвер го носеше име Мorro и беше најавен дека ...
На 88 години вечерва почина македонскиот романсиер, драмски писател и публицист Коле Чашуле. Тој е роден во прилеп во 1921 година. Чашуле бил директор на радио Скопје, уредник ...
Замислете во цело Скопје, или во вашиот град да има само две продавници за прехрана. Само две и ништо повеќе. Најлесно е да се претпостави дека цените на артиклите внатре ќе бидат драстично ...