-->

Венецуелка повторно ја однесе круната Мис Универзум

Мис Венецуела Стефанија Фернандез ја освои титулата Мис Универзум на натпреварот кој ноќта во понеделникот се одржа на Бахамите.

Титулата така остана во Венецуела, затоа што минатата година победи Дијана Мендоза, која и ја предаде круната на својата сонародничка. Македонија немаше преставничка, додека убавицата од Косово беше избрана за втора придружничка.

Тоа е вкупно шести наслов Мис Универзум за девојки од Венецуела во 59 години одржување на овој натпревар во убавина.

Прва придружничка е Мис Доминиканската Република Ада Аиме де ла Круз. Меѓу петте финалистки беа и Мис Косово Гона Драгуша, Австралија Рејчел Финч и Порторико Мајра Матос Перез.

Освен круната, Мис Универзум Стефанија Фернандез ќе добие и парична награда чиј износ остана тајна, но и школарина за студии по глума во Њујорк во вредност од 100.000 долари, петтодневен одмор на Бахамите за двајца, накит и комплетна гардероба.






                                                                                              [ 24-08-2009 ]

Жешка сесија со мократа Keeley Hazell

Моделот Keeley Hazell не се забележуваше се додека не започна озбилно да се занимава со глума од пред неколку години. Но редакцијата на магазинот Ралф се сети дека можеби бикини фотографии би требало да ја освежат оваа Британка.





На секоја среќа, со влажен сунѓер во раката, оваа девојка само ја крева температурата, како што се гледа од приложеното. Како ли само можел Џо Кол од фудбалскиот клуб Челзи да крене рака на неа пред три години на една забава. Но да се потсетиме дека Hazell тогаш не сакаше од тоа да прави скандал, туку упорно негираше, иако имаше сведоци кои го тврдеа спротивното.


Сподели                                                                                                                 [ 11-07-2009 ]


Ретро модата повторно актуелна

Поголемиот број модни креатори за претстојната сезона ја бараат својата инспирација во претходните децении. Ретро модата е повторно актуелна.

Станува збор за модели кои потсетуваат на четириесеттите и педесеттите години на минатиот век, секси но не вулгарно.

-Во овие тешки времиња луѓето се враќаат на сериозниот изглед. Се определуваат за вистинската класика која веќе ја докажа својата вредност. Тоа се модели кои можат да се носат речиси во секоја прилика, вели Сабине Штрајте уредник на германскиот моден магазин "InStyle".

Сите елементи мора да бидат во тон. Класичните модели во ретро стил кој е сега актуелен ја отсликуваат контурата на телото, здолништето и фустаните се до под колена, а што се однесува до боите тие се темни.


Посебна улога имаат модните додатоци кои исто така треба да бидат во тон со преостанатата облека. Високите потпетици и уредно средената фризура се неизоставен дел од ретро имиџот.

САД ја забрани рекламата на Calvin Klein

Провокативната реклама на модната куќа Calvin Klein во која моделите се појавуваат полуголи, беше предвидена за прикажување на американскиот пазар.

Сепак, ова видео не им се допадна на властите, поради што го забранија неговото емитување. Сепак на една зграда во Њујорк осамна контроверзниот билборд.



Се шпекулира дека следниот чекор на модниот магнат би можел да биде пласирање на рекламата во Европа. Британските медиуми дознаваат дека токму нивната земја би можеле да ги „прими“ згодните модели на своите ТВ екрани. Доколку тоа се случи, рекламниот спот ќе биде емитуван во доцните вечерни и полноќни часови.

Холандската мокра убавица за Келвин Клајн

Келвин Клајн знаел како најдобро ќе ја презентира својата колекција на костими за капење, затоа за таа работа ја ангажираше холандската убавица Доутсен Кроус.

Фотографиите од супермоделот во бикини, на овој креатор сигурно ќе му осигураат голем интерес, не само на женскиот туку и на машкиот дел од публиката.

Ангелот на Викторија, Доутсен Кроус, обожава разголени едиторијали, што е потполно разбирливо со оглед на тоа што таа има прекрасно тело.

За разлика од своите колешки, кои често избегнуваат да снимаат голи и експлицитни едиторијали, таа ја стекна титулата кралица на разголените едиторијали, а не се сомневаме дека ќе предизвикува воздишки во мини бикини.

Пијаната Нина Мориќ ги покажала гаќичките

Како што ноќта одминувала, алкохолот започнал да го зема својот данок, а пијаната Нина Мориќ заборавила на должината на своето мини здолниште, па опуштено седнала и присутните ги почестила со прекрасни глетки.





Манекенката Нина Мориќ еднаш изјавила дека не излегува премногу, не пие алкохол, односно внимава на својата исхрана. Но кога ќе излезе, се прави 'камен'.

Едно такво лудо ноќно излегување се случило неодамна во еден ноќен клуб во Милано. Нина во друштво со својот драг Massima Baltimore пиела и играла цела ноќ.


Иако нејзиниот драг неодамна бил фатен во не така пријателска прегратка со една балерина, по бакнежите на Нина се чини дека се му е простено.

Фреида Пинто заштитно лице на L'Oreal

Ѕвездата на филмот "Сламдог милионер" стана заштитно лице на L'Oreal и покрај претходните тврдења дека веќе потпишала договор со износ од шест цифри со конкурентската куќа Estee Lauder.

Ѕвездата на филмот "Сламдог милионер" стана заштитно лице на L'Oreal и покрај претходните тврдења дека веќе потпишала договор со износ од шест цифри со конкурентската куќа Estee Lauder.

Нови разголени фотографии на Мис Калифорнија

На Кери Прежан, 21 - годишната убавица која се декларира како христијанка, повторно и се заканува одземање на круната откако во јавноста се појавија нови фотографии на кои таа ги открива своите атрибути.

Кери Прежан се нашла во средиште на скандал кога на почетокот на месецот се објавија разголени фотографии кои таа ги снимила кога имала 17 години. Тогаш се нагаѓаше дали таа поради разголувањето ќе остане без својата круна, но од дирекцијата за Мис биле толерантни па таа ја задржала круната. Можеби и поради тоа што првите фотографии и не биле толку експлицитни.



Но сега ситуацијата е малку поинаква. На новите фотографии се гледаат градите на мисицата која се претставува како христијанка на која и се важни семејните вредности и која јасно се изјаснила против истополови бракови.

Кери сепак објаснила дека целиот овој скандал настанал поради нејзината изјава за хомосексуалците и дека секој греши па така и таа.

Не така одамна и Мис Русија, Софија Рудова се најде во скандал но, нејзините фотографии беа на работ на порнографија, наводно таа и свое мало порно видео.


Кејт Мос во крваво издание

Кога таман помисливме дека ги видовме сите лица на Кејт Мос, таа се појави на насловната страна на американскиот арт магазинот TAR во сосема неочекувано издание – на пола лице на Кејт и биле насликани мускулите.

Новото издание на магазинот ТAR надалеку привлекува со интригантната насловница – помалку застрашувачко, помалку восхитувачко дело на дизајнерот Дамиен Христ, кој го осмислил сето тоа.

Мускулите во силно црвена боја, разиграни во светли и потемни тонови, делуваат помалку ’крваво’ и колку и да се мислењата на читателите поделени, насловната страна е интересна, вистински погодок!

Ова мало уметничко дело можеби порачува дека под прекрасното лице на Кејт се крие она што се крие и во сите нас, но како и да е, насловната страна е за паметење.

Викторија стегната и ретуширана во новата кампања на Армани

Иако признала дека на нејзиното тело и смета помалку опуштената кожа, фотографијата на Викторија Бекам за новата линија на долна облека Armani го покажа нејзиното совршено затегнато тело. Да, очигледно проработел дискретниот шарм на Фотошоп.


Новиот џамбо плакат кој ја покажува Викторија Бекам во чипкана долна облека го покажа и нејзиното совршено издефинирано тело.

Иако 34 – годишната Викторија, мајка на 3 деца, неодамна призна дека на своето тело не ја сака помалку опуштената кожа, таа на фотографиите за кампањата на Armani изгледа совршено.

Според некои информации Вики и Дејвид добиле сума од 32 милиони фунти за рекламирањето на долната облека на Armani.

Плакатот бил свечено откриен во Macy’s во Њујорк .

Видео: Хајди се соблече во шоуто на Елен Деџенерис

Во популарното американско шоу на Елен Деџенерис, трудната манекенка Хајди Клум, на изненадување на многумина, почна да го соблекува фустанот, кој го подари во добротворни цели.



Германската убавица Хајди Клум со гостувањето во популарното шоу на Елен Деџенерис дефинитивно ги усреќи многуте обожаватели ширум светот.

Во моментот кога се согласи фустанот кој го носеше на себе да го донира во добротворни цели, на инсистирање на Елен, почна да го соблекува пред камерите.

Елен прво се обиде да ја сокрие трудната манекенка, но кога сфати дека импровизираното соблекување може да предизвика проблеми, изнесе параван, а од режијата пуштија музика за стриптиз.

Кога заврши со стриптизот Хајди се појави во бела куќна наметка, а нејзиниот фустан сега се наоѓа на продажба на eBay.

Погледнете:


А еве и две постари секси видеа од славната манекенка:



 

Copyright © 2009 selotejp.com