-->

Зелениот чај штити од рак на желудник

Жените кои секојдневни пијат најмалку 5 филџани зелен чај во просек имаат за 20 отсто помал ризик да заболат од рак на желудник, сугерира последното јапонско истражување.

Експертите од токискиот Национален центар за рак, истакнуваат дека консумирањето зелен чај го нема истиот ефект кај мажите.

Новите наоди се темелат врз анализа на шест претходно спроведени истражувања во кои учествуваат 219.000 испитаници постари од 40 години. Учесниците во студијата се следени во период од седум до 11 години.

Научниците во стручниот магазин „Gut“ добиените наоди ги објаснуваат со влијанието на антиоксидансите во зелениот чај врз бактериите кои се поврзуваат со појавата на рак на желудникот.


                                                                                              [ 01-10-2009 ]

Победете го стресот со диња

Истражување на француските научници покажало дека ензим присутен во дињите може да биде навистина ефикасен во борбата против стресот.

Станува збор за делувањето на ензимот супероксид дисмутаза, веќе познат по антиоксидативниот заштитен ефект на ткивата во организмот.

Се покажало дека испитаниците кои добиле капсули со овој ензим имаат значително помалку симптоми на стрес и замор отколку оние кои добиле плацебо.

Земањето на ензимот било поврзано со значително подобра концентрација, намалена раздразливост и подобрување на квалитетот на сонот. Во истражувањето учествувале 70 испитаници.


                                                                                              [ 20-09-2009 ]

Какаото борец против мигрената

Веќе неколку години, научниците интензивно ја проучуваат способноста на какаото дека лекува разни болести.

Така, новата студија на стаорци ги пружи првите докази дека какаото може да ги потисне воспаленијата во ганглиите, кои се сметаат дека имаат важна улога во настанувањето на мигрена.

Се чини дека какаото ја намалува активноста на протеините кои се заслужни за формирање на инфламаторни воспаленија, кои последично предизвикуваат мигрена.

Точниот механизам уште не е јасен, а бидејќи оваа студија е пионер во оваа област, потребни се уште дополнителни истражувања кои ќе им помогнат на научниците во разбирање на потеклото на мигрената како и нејзина превенција и лечење.


                                                                                              [ 17-09-2009 ]

Откриен генот на дебелеење

Американските научници од Универзитетот во Мичиген го идентификуваа генот со чија деактивација може да се спречи зголемувањето на телесната маса без разлика дали се зема храна која изобилува со масти.

Тестирањата спроведени врз животни покажаа дека со отстранување на генот IKKE доаѓа до забрзување на метаболизмот и согорување на дополнителната количина калории.

Стручниот магазин „Cell“ објави дека IKKE генот ко контролира производството на ензимот задолжен за активација на низа протеини, вклучувајќи го регулирањето на метаболизмот.

Кај животните кај кој е деактивиран IKKE не се забележани знаци на хронични воспаленија, една од последиците на прекумерната тежина, која се поврзува со резистенција на инсулин и дијабетес тип 2.


                                                                                              [ 12-09-2009 ]

Високите луѓе се посреќни

Високите луѓе водат посреќен живот од ниските луѓе, покажува најновото истражување кое открива дека мажите кои се за три сантиметри пониски од просечната висина се чувствуваат бедно.

Научниците откриле дека ниските луѓе се незадоволни со својот живот. За разлика од нив, високите луѓе покажаа дека живеат поисполнет и позадоволен живот.

Во студијата се вклучени 450 илјади возрасни луѓе, а се проучувале нивните погледи за животот. Испитаниците одговарале на прашања во врска со нивните чувства и ставови.

Се покажало дека високите луѓе имаат позитивен поглед на животот и се со поголема веројатност да кажат дека тие се среќни. Високите луѓе помалку чувствуваат негативни емоции, а подобро се носат и со стресот од ниските луѓе.

Мажите кои во текот на истражувањето изјавиле дека нивните животи се "грозни", биле во правилото два до три сантиметри пониски од просечната висина на мажите.

Висината се покажала како значајна и кај жените. Имено, жените кои изразиле незадоволство со нивните животи биле пониски од просечната висина за еден до два сантиметри.


                                                                                              [ 09-09-2009 ]

Незасладени сокови во борбата против дебелината

Сите оние кои се борат со дебелината знаат дека губење на вишокот на килограми е само половина од битката, многу е потешко да се одржува постигнатата тежина.

Сега во нова студија се вели дека во оваа битка од голема помош може да биде внесот на пијалоци без шеќер

Научниците го анализирале вкупниот внес на калории, белковини, масти, јагленохидрати и пијалоци меѓу 300 луѓе кои ослабеле. Резултатите покажале дека внесот на пијалоци кои се засладени со вештачки засладувачи, а не со рафиниран шеќер може да биде важна стратегија во одржување на постигнатата телесната тежина.

Иако студијата покажува дека незасладените пијалоци се добар метод за одржување на витката линија, тоа секако не е магично решение, истакнуваат нејзините автори додавајќи дека треба да се променат и некои други навики кои што довеле до насобирање на вишокот килограми.


                                                                                              [ 05-09-2009 ]

Кафето е здраво се додека не претераме

Кафето рутински се пие во медитеранските земји и претставува најраширена конзумирана активна супстанца во светот.

Таа содржи стотина различни супстанции вклучувајќи антиоксиданти, јагленохидрати, масти, витамини, минерали, алкалоиди. Сепак, ефектот на кафето на кардиоваскуларниот систем најмногу се препишува на кофеинот.

Во новата студија научниците утврдиле дека високиот внес на кафе и првенствено кофеин го зголемува ризикот од вентрикуларна аритмија. Висок внес на кафе подразбира повеќе од 3 шолји напиток на ден.

Другите студии утврдиле позитивни ефекти од кофеинот, на пример, оксидативниот стрес, умереност во пиењето кафе е клуч за осигурување на придобивка кое тоа ни го пружи.


                                                                                              [ 03-09-2009 ]

Чоколадото го продолжува животот

Луѓето кои преживеале срцев удар треба да јадат чоколадо барем два пати неделно бидејќи на тој начин ќе се намали ризикот од смрт предизвикан од коронарни болести.

Шведско истражување покажува дека пациентите кои имале срцев удар имаат за 70 отсто помал ризик од смрт ако јадат чоколадо. Дури и ако чоколадото го консумираат еднаш неделно, се намалува ризикот од смрт речиси за половина.

Ова откритие е само дел од многуте сознанија врзани за добродетелта од овој десерт, а тоа особено се однесува на темното чоколадо.

Претходните истражувања покажале дека токму темното чоколадо го намалува ризикот од крвни згрутчувања, штити од карцином и ги заштитува трудниците од предвремено пораѓање.

Иако личностите може да преживеат срцев удар, неизбежна последица се оштетувањата кои драстично го зголемуваат ризикот од смрт поради можните кардиолошки проблеми во иднина.


                                                                                              [ 01-09-2009 ]

Магична капсула за здраво срце

Британските научници развиле чудотворна таблета која има бројни придобивки за организмот. Нејзината примена ќе доведе во таква состојба на организмот како да се придржувате на медитеранскиот начин на исхрана.

Една капсула Атеронон дневно го намалува талогот на масти во артериите и спречува болести на срцето и мозочен удар. Чудесната пилула би можела да спаси милиони животи.

Таблетата која ќе служи како надоместок во исхраната содржи антиоксиданс ликопен, од кој се состои доматот. Секоја таблета ќе има ефект исто како да сте изеле три килограми зрели домати.

Многу истражувања покажаа дека медитеранскиот начин на исхрана, која вклучува многу домати, риба, зеленчук, зрнести плодови и маслиново масло, значително го намалува холестеролот и помага во спречување на кардиоваскуларните болести.

Атерононот беше развиен од страна на научници од Универзитетот во Кембриџ, кои го комбинирале ликопенот со млеко од сурутка.

Капсулата пробно ја тестираа 150 пациенти со срцеви болести, кои ја земаа еднаш дневно.

Откриено е дека почнале да им се намалуваат талозите на масти во артериите во само два месеци, без несакани ефекти.


                                                                                              [ 31-08-2009 ]

Како да се заситите, а помалку да изедете?

Појадокот кој осигурува изобилство на диетални влакна од 'рж го зголемува чувството на заситеност и го намалува внесувањето на храна подоцна во текот на денот, открива нова шведска студија.

Иако не е јасно зошто е тоа така, студијата јасно покажа дека диеталните влакна од 'рж постигнуваат поголема ситост одколку тоа што го прават влакната од други извори, како што е пченицата.

Потребни се дополнителни студии, но ова сознание би можело да стане многу важно оружје во борбата против дебелината, заклучиле авторите на студијата.

Пуканките како антиоксиданс

Ретко се зборува за пуканките во контекст на позитивен ефект врз здравјето, но сето тоа го промени една нова студија.

Научниците, имено, откриле дека пуканките содржат изненадувачки големи количини на полифенол, вид на антиоксиданс кој е поврзан со намален ризик од срцеви заболувања и рак. Со висока содржина на диетални влакна, а сега и антиоксиданси, пуканките стигнаа на врвот на најздрава закуска.


                                                                                              [ 30-08-2009 ]

Мирисот на искосената трева го намалува стресот

Научниците откриле дека хемиското соединение кое го ослободува свежо искосената трева предизвикува луѓето да се чувствуваат посреќни и поопуштени, а би можел да го спречи губењето на меморија во староста.

После седум години истражување, австралиските научници откриле еден парфем кој мириса како свежо искосена трева, а помага во ослободување од стресот и зајакнување на човечката меморија.

Тој мирис делува директно на мозокот, особено на делот одговорен за емоциите и меморијата. На идејата за создавање на парфемот дојде д-р Ник Левидис, невролог од Универзитетот во Бризбејн, а го нарече Serenascent.

За истражување на овој феномен го инспирирал излетот во националниот парк Yosemite, како и соседот кој му зборувал за тоа колку прекрасно мириса кога ќе ја искоси тревата во својата градина.

Мирисот спрема зборовите на д-р Левидис делува на амигдалот и хипокампот, во кои се наоѓаат центрите за чувства и меморија. - Тоа се делови на мозокот поврзани со активноста на ендокриниот систем, а овој мирис може да воспостави рамнотежа во лачењето на хормоните, како што се кортикостероидите, рече тој.

Мирисот има "пријатна арома на свежо искосена трева или пак густа шума", а би требало да почне да се произведува следниот месец. Неговата цена ќе биде околу десетина долари, а може да се користи како мирис за домот или облека.

Во соработка со Розмари Ајнштајн, д-р Левидис ќе се обиде да ги совпадне елементите на тие хемиски соединенија и разни други производи.


                                                                                              [ 28-08-2009 ]

Намалете го додатниот внес на шеќер

Откако се покажа дека возрасен американец дневно внесува околу 22 лажички додатен шеќер, додека тинејџерите внесуваат неверојатни 34 лажички шеќер дневно, American Heart Association (AHA) издаде ...

... препорака за намалување на внесувањето на големи количини на додатен шеќер.

Причината лежи во фактот дека високиот внес на додатен шеќер доведува во врска со многубројни здравствени состојби, како што се дебелината и високиот крвен притисок и се смета за ризик фактор за развој на срцеви болести.

Препораките не се однесуваат на природно присутните шеќери, како што се оние во овошјето и зеленчукот, туку на додатен шеќер кој што се наоѓа во некои газирани пијалаци, слатки и колачи, но и оние кои потрошувачите сами ги додаваат како на пример, во кафето или појадок од житарици.


                                                                                              [ 26-08-2009 ]

Бракот ги прави мажите поздрави

Влегувањето во брачните води за мажите може да значи повеќе здравје, откриле новите истражувања, затоа што на долгите брачни стази за појак пол тоа значи помали шанси за разни болести.

Студијата исто така покажала дека бракот е поздрав после престанување со пушењето. Успешниот брак наводно може да ги спречи болестите на срцето, депресија па дури и мозочниот удар.

Резултатите од Универзитетот во Аризона објавени во магазинот "Psychosomatic Medicine" покажуваат дека шансите за срцеви болести кај оженети мажи е помал за 10,34 %, а подобар притисок 3,42 % кај пушачите и дури 7,94 % кај непушачите.

- Ова покажува колкав ефект имаат бракот и јаката врска на здравјето, изјави др. Тони Кесиди и додаде дека уште една причина е тоа што мажите обично не се поврзани со своите пријатели како жените со пријателките.

Докторите предупредуваат дека ова не значи дека оженетите мажи можат да се запустат и потсетуваат дека правилната исхрана, вежбањето и непушењето се клучни за здравјето.


                                                                                              [ 24-08-2009 ]
 

Copyright © 2009 selotejp.com