-->

Индиски министер загина во хеликоптерска несреќа

Истакнатиот индиски политичар Раџасехара Реди и уште четвори лица загинаа во хеликоптерска несреќа, во јужна Иднија.

Остатоците на леталото со кој патуваше главниот министер на индиската држава Андра Прадеш - Раџасехара Реди, како и телата на двајца патиници и двајца пилоти пронајдени се утрово, ден откако хеликоптерот исчезнал кај еден рид во џунглата, 70 километри источно од Курнула.

Реди (60) беше член на Конгресната партија, најголема индиска партија, пренесува британското радио Би-Би-Си. За главен министер на Андра Прадеш избран е во 2004 година, а на општите избори оваа година го освои и вториот мандат.

Хеликоптерот во кој покрај Реди биле и двајца негови соработници и двајца пилоти полетал од Хајдерабад за селото Анупали. Летот требало да трае два часа, а хеликоптерот се урнал на половина пат во шумската област Наламала.

Наламала е засолниште на маоистичките бунтовници, но федералните власти ја отфрлија можноста дека маостите го урнале хеликоптерот.

Во потрага по хеликоптерот учестуваа 11 авиони и хеликоптери и повеќе од 2.000 припадници на силите за безбедност.

Портпаролот на партијата, Џајанти Хатараџан изјави на локалната телевизија дека Реди бил „динамичен лидер“ и дека неговата смрт е трагедија.


                                                                                              [ 06-09-2009 ]

Грчката полиција уапси познат албански криминалец

Грчката полиција утрово го уапси албански криминалец Арбен Кендези, познат како еден од моќниците од Саранда во периодот 1997/98 година.

Кендези е уапсен во Лутраќи, седумдесеттина километри северо-западно од Атина, каде што живеел последните десет години, по бегството од Албанија.

Грчката полиција го бара поради недозволена трговија со дрога, но при контролата на неговиот стан не пронашла материјален доказ кој го потврдува обвинението.

Фотографиите на кои тој е со калашњиков во рака, од времето на пролетните немири во Албанија во 1997 година и верификацијата на отпечатоци од прстите го потврдиле неговиот идентитет.

Кендези во Албанија е осуден на шест години затвор за грабеж на банката во Саранда.


                                                                                              [ 30-08-2009 ]

Најмалку осум лица загинаа во невреме во Полска

Најмалку осум лица загинаа, а неколку десетици се повредени во силните бури во Полска. Повеќето од жртвите загинале од дрвјата кои биле искорнати од силните ветрови. Еден маж загинал кога неговиот чамец се превртел на езеро.

Јачината на ветровите на места достигна и до 100 километри на час.

Еден од најсилно засегнатите реони во земјата е околу југозападниот град Вроцлав, каде што бурата пресече кабли и остави неколку населби без електрична енергија. Во таа област има 35 повредени, а движењето по десетици патишта е блокирано.

Во Кротошин, во западниот дел на земјата 17 лица се повредени во невремето, од кои шестмина тешко, при струен удар откако врз нив паднал електричен кабел.

Во престолнината Варшава има искорнати дрвја поради силниот ветер.


Сподели                                                                                                                 [ 26-07-2009 ]

Папата хоспитализиран по пад во бања

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт Шеснаесети денеска е примен во болница во италијанскиот град Аоста, откако полесно се повредил при пад во бањата.

Портпаролот на Ватикан, Фредерико Ломбарди изјави дека „не е ништо сериозно“ и дека папата заминал на преглед во болница откако утрово се лизнал во бањата.

Инцидентот се случил додека 82-годишниот поглавар на Римокатоличката црква бил на одмор во Северна Италија.

Медиумите, повикувајќи се на болнички извори, јавуваат дека папата се здобил со полесна фрактура на зглобот, и дека ќе одржи миса.


Сподели                                                                                                                 [ 19-07-2009 ]


Британец загина на фестивалот "Егзит" во Нови Сад

Дваесет и двегодишниот Британец Ентони Џ.Ф од Лондон загина на фетсивалот „Егзит 09“, по падот од голема висина на Петроварадинската тврдина, изјави дежурниот истражен судија на Окружниот суд во Нови Сад Ненад Симовиќ.

Несреќата се случила околу два часот по полноќ а увидот го извршила полицијата, изјави судијата Симовиќ, напоменувајќи дека „нема индиции оти станува збор за кривично дело“.

Телото на момчето е пренесено во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад, каде ќе биде извршена обдукција.




Сподели                                                                                                                 [ 11-07-2009 ]


Дете преживеало удар на автомобил

4 – годишно момче од Турција навистина силно го удрил автомобил, но момчето после несреќата едноставно станал, се расплакал и се тргнал.





Целиот настан бил забележан од надзорната камера во градот Sanliufi, на истокот на Турција, на 20 јуни. Возачот на автомобилот за полицијата изјавил дека сакал да ги избегне карпите кои се наоѓале на патот и дека во тој момент изгубил контрола над автомобилот и слетал низ скалите и се забил во излогот. Со автомобилот го покосил момчето на врвот од скалите, но момчето кое одлетало неколку метри од врвот на скалите, поминало без никакви повреди.

Неговиот татко изјавил за турската телевизија дека тој и сопругата помислиле дека тој плачи поради тоа што видел сообраќајна несреќа и дека дури наредниот ден сфатиле дена нивното дете учествувало во несреќата.

Воениот режим го покани Бан Ки Мун во посета на Мјанмар

Владеачката воена хунта во Мјанмар го покани генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун да ја посети земјата на почетокот на јули, соопштија западни дипломати.

Според дипломатите кои побараа анонимност, генералниот секретар стравува дека неговата посета хунтата може да ја искористи за пропагандни цели.

-Тој не сака неговата посета да се прими како давање на некаков легитимитет на процесот против Аун Сан Су Чи - лидерката на демократската опозиција во Мјанмар, која вкупно 13 од последните 19 години ги мина во притвор.

-Генералниот секретар на ОН се уште не донесе одлука дали да ја прифати поканата, соопшти неговата портпаролка Мишел Монтас.

Тој соопштил дека размислува Мјанмар да го посети во иднина, за да изврши притисок врз хунтата да ја ослободи Су Чи и сите останати политички затвореници и да го исполни ветувањето за демократизирање на владеењето во земјата.

Западните дипломати се сомневаат дека хунтата сака да ја задржи Су Чи во притвор до изборите, планирани за следната година.

Хрватска нема да може да се приклучи кон ЕУ во 2011 година

Хрватска тешко дека ќе може да ги заврши преговорите за присоединување кон ЕУ до крајот на оваа година и да стане членка на ЕУ во 2011 година, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, цитиран од Хина.

Аналитичарите посочуваат дека Загреб се "натпреварува со времето", главно заради граничниот спор со соседна Словенија.

- Сметам дека станува се потешко, изјави Билд за хрватскиот временски распоред за присоединување.

- Тоа е невозможно. Ќе се обидеме да го запазиме распоредот, но неопходно е да се каже дека има извесно отстапување од него, изјави Билд.

Шведска ќе претседава со ЕУ во втората половина на годината.

Францускиот Ербас се распаднал во воздух

Повеќекратни скршеници на коските кај жртвите утврдени со аутопсија укажуваат на тоа дека авионот на Ер Франс се распаднал во воздух и се урнал во Атлантикот.

Француските истражни органи со пронајдените 40 делови од авионот се оптимисти во поглед на откривањето на причината за падот на авионот. Велат дека местото на несреќата е далеку од копното и над океанските длабочини, што е една од најтешките ситуации за истражување на несреќата.

Британски вештак по судска медицина за агенцијата АП рекол дека повеќекратните преломи на коските кај 50 – те жртви, чии трупови од надвор биле недопрени, укажува на тоа дека авионот се распаднал во воздух. На ова укажувало и тоа што жртвите немале облека, што се случува кога леталото се распаѓа пред да удри во земји или на површина на морето. Спротивно на ова, кога авионот цел ќе се урне во море, телата ќе бидат распаднати.

Службите на Бразил, Франција, САД и другите земји ја пребаруваат површината и дното на океанот во потрага по остатоците од Ербасот А330, кој се урна на 31 мај. Во авионот имаше 228 патници, леташе на линија Рио де Жанерио - Париз.

Се уште се трага по двете црни кутии, за кои постои верување дека се на морското дно, пренесува.

Обама убил мува давајќи интервју

Американскиот претседател Барак Обама давајќи интервју за американската телевизија “СНБЦ“, од страна на мува бил принуден да прекине на кратко со својот говор.

Обама бил во можност да ја убие мувата и го направил тоа за да после продолжи со интервјуто од каде бил прекинат.

На годишно ниво 1,2 милиони луѓе ги губат животите на патиштата

Во светот во сообраќајни несреќи годишно гинат преку 1,2 милиони луѓе. Помеѓу 20 и 50 милиони се здобиле со разни повреди, објавено е во денешната студија на Светската здравствена организација.

Авторите на студијата направена во 178 земји, дошле до податок дека во несреќите повеќе животите ги губат богатите, отколку сиромашните граѓани.Повеќе до 90 отсто сообраќајките се случуваат во земјите со ниски или средни приходи, земји кои поседуваат само 48 отсто од вкупниот возен парк во светот.

Во студијата се укажува дека посебно загрижувачки е што скоро половина до 1,2 милиони (46 отсто) жртви таканаречени загрозени учесници во сообраќајот се пешаци, велосипедисти и мотоциклисти. Во оваа категорија правопропорционално има повеќе настрадани во сиромашните земји.

Бројката на смртни случаи се стабилизирала или паднала последните години во многу земји со високи приходи, пишува во студијата. И покрај тоа што во некои земји поголемо внимание се посветува на безбедноста во сообраќајот, во повеќе области во светот таа епидемија се шири.

Авторите на студијата предупредиле дека ако нешто не се преземе, бројот на загинати до 2030 година ќе достигне 2,4 милиони, ова е петта причина за смртноста во светот.

Ниедна земја во светот не може да се олабави по прашањето за безбедноста на патиштата, дури и земјите со најдобар резултат, како што се Холандија, Шведска или Британија, кои мораат уште многу да направат.

Во студијата пишува дека треба да бидат преземени значајни напори за да се обезбеди сообраќајот и се истакнува дека половина од земјите имаат закони кои се борат против петте ризични фактори: возење во пијана состојба, брзо возење, носење на кацига и појас, како и користење на безбедносна опрема за деца, пренесува.

Швајцарците објавија вакцина против H1N1

Само еден ден откако Светската здравствена организација прогласи светска пандемија од свинскиот грип, една швајцарска фармацевтска компанија објави дека пронашла вакцина против оваа болест. Вакцината сеуште не е целосно тестирана и сеуште не може да се користи на луѓе.

Компанијата Novartis AG објави дека оваа вакцина е развиена во келиите, за разлика од вообичаениот процес на развој во јајцата. Веднаш по објавувањето на вестта за пронајдокот, акциите на компанијата на берзата во Цирих пораснаа за четири отсто.

Според СЗО, вакцината против свинскиот грип би требало да биде одобрена најдоцна до септември. Покрај тоа, портпаролот на Светската здравствена организација изјави дека сите квалифицирани производители на лекови ќе добијат сопствен примерок од серумот за вирусот A (H1N1) од кој ќе може да ја произведат вакцината.

Предноста на вакцините кои се равиени во келии е можноста за брзо производство. Според информациите од Novartis AG, овој напреден процес, овозможува производство на повеќе од милион дози на серумот - за помалку од една седмица.

Novartis објави дека повеќе од 30 влади од целиот свет веќе испратиле барање за добивање на сопствена залиха од вакцината, вклучувајќи го и американското министерство за здравје, кои веќе порача вакцини за H1N1 во вредност од 289 милиони долари.

СЗО прогласи пандемија на грип

Светската здравствена организација (СЗО) ги информира државите членки за одлуката да прогласи пандемија од новиот грип, пренесоа светските агенции.

Овој чекор денеска беше преземен по разгледувањето на влошената ситуација во САД, Европа, Австралија, Јужна Америка и на други места, каде бројот на заразените се зголемува од ден на ден.

Во информацијата, испратена до членките на организацијата, СЗО соопштува дека донела одлука да го зголеми нивото на тревога од ширење на болеста од петти на највисокиот - шестти степен, што значи почеток на пандемија од новиот грип.

Ова е првата светска епидемија на грип по цели 41 година, забележуваат агенциите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com