-->

HD видео на iPhone 3GS

Во службените спецификации на iPhone 3GS пишува дека уредот е во состојба да прикаже видео материјал со резолуција од 640x480 пиксели. Но, со некои ситни проблеми, некои момци од ...

... еден кинески форум покажале дека и видео исечоците во HD резолуција работат прилично добро.

- Знаеме дека iPhone има брз процесор, но до сега не знаевме дека тој телефон може да прикажува HD материјали (резолуција 1920x1080). Знаевме дека светот нема да ни верува, па поради тоа нашето видео го објавивме на познат кинески форум, изјавија програмерите.

Со помош на бесплатните апликации под името FileAid можете да ги заобиколите рестрикциите на Apple и да гледате HD видео.

Engadget тестирал неколку видео исечоци и потоа потврдил дека на iPhone 3GS може да се гледаат HD видео материјали. Сега само ни останува да се надеваме дека Apple ќе ги тргне сите рестрикции и ќе дозволи да гледаме HD видео без користење на заобиколни методи.




                                                                                              [ 22-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com