Летните олимписки игри 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, одлучија членовите на Меѓународниот олимписки комитет на седницата која денеска се одржа во Копенхаген.
Рио ја доби довербата на членовите на МОК пред Мадрид, Токио и Чикаго, кои му беа конкуренти. Најголемото изненадување се случи во првиот круг од гласањето, по кое од конкуренција испадна првиот фаворит, Чикаго.
За кандидатурата на американскиот град не помогна ниту претседателот на САД Барак Обама, кој присуствуваше на гласањето во Копенхаген.
Во вториот круг од трката испадна Токио, па во финалето останаа Рио де Жанеиро и Мадрид. Повеќемина од 95-те делегати на МОК, колку што гласаа, довербата му ја дадоа на бразилскиот град, па за прв пат во историјата Олимпиките игри 2016 година ќе се одржат во една јужноамериканска држава.
Екс-фудбалерот на Интер, а сега играч на Фламенго, Адријано, во интервјуто за магазинот Р7 им објасни на своите фанови каков живот живеел во Милано. Пиел што ќе му дојде во рака ...
“Тешки беа тоа денови за мене во Интер. После тоа оставив впечаток на неодговорен играч, бунтовник и кој знае што уште не.
“После смртта на мојот татко минував низ ужасна депресија и тага. Открив дека заборавам на се и се чувствувам колку-толку нормално само додека сум пијан. Затоа и пиев секоја вечер. Секоја вечер излегував во град и ништо не можеше да ме запре.“
“Не бирав што ќе пијам. Едната вечер вино, другата виски, третата пиво или пак се во една вечер. Доаѓав дома доцна ноќта и се плашев да заспијам бидејќи сигурно ќе се успиев и ќе закаснев на тренинг. Затоа и многу пати идев грогиран на тренинг. Кога Манчини ќе ме видеше таков ме праќаше дома, а во јавноста лажеа дека имам некаква повреда.“
“Бев скршен во секој поглед. Но тоа време сега го оставив далеку зад мене. Не сум склон ниту малку на сето тоа. Играм фудбал, повторно уживам на теренот и секој ден сум се посилен и посилен.“ - заврши Адријано со својата исповед.
Многу е веројатно Бразилецот да се пресели во Европа уште во јануарскиот преоден рок.
Играчот за врска на Реал, Бразилецот Кака, е многу среќен што најпосле успеа и тој да се запише во листата на стрелците, макар тоа било и од пенал.
Двете најголеми засилувања Роналдо и Кака му ја донесоа победата на Реал на дербито со Виљареал на Ел Мадригал.
“Пресреќен сум што го постигнав мојот првенец за Реал. Преголемо е задоволството во моментов кај мене.“
“Задоволен сум од нашите резултати, но што се однесува до играта мислам дека можеме и многу подобро. Ќе ни биде потребно уште некое време за да ја пронајдеме играта која ја сакаме, но најважно е дека победуваме.“ - заврши Бразилецот кој летово за 64 милиони евра дојде од Реал.
Шпанија е новиот европски првак. Тие се победници на 36-то европско првенство кое во претходниве две недели се одржуваше во Полска. Во финалето ја декласираа Србија со 85:63.
Актуелните светски прваци најпосле го освоија и првото злато на европските шампионати и со тоа ја потврдија доминацијата во ЕвроБаскетот во последните 10 години. Од ЕП 1999-та во Франција па се до ова во Полска тие имаа 3 финалиња (3 сребра) и две мали финалиња (една бронза).
Може да се рече дека се беше готово уште по некаде по 7 минути игра кога Шпанците имаа серија од 4 тројки едно по друго по што дојдоа на +13 (20:7). Потоа Србите намалија на -8, за да со две серии од по 6:0, “црвената фурија“ да дојде на убедливи +20 (40:20) и потоа веќе се беше познато.
Разликата до крај само се зголемуваше, Србите на кој ова им беше прво финале на ЕП немаа мотиви, но и не можеа да сторат нешто повеќе против вака разиграниот противник кој на моменти си поиграваше со атрактивни потези со своите противници.
Ова е вториот најтежок пораз што една репрезентација го доживеала во финалињата на европските првенства. Како и по обичај најефикасен и најзаслужен за триумфот беше По Гасол(МВП) кој постигна 18п 11с, со тоа тој е најефикасниот играч на ова ЕП.
Руди Фернандез со по 13п и Јуан Наваро 12п исто беа заслужни за ова одлично издание на Шпанците.
Кај Србите Милош Теодосиќ кој на полуфиналето постигна 32п сега имаше само 5п, но и не трошеше многу топки, добро беше чуван од Рубио и Наваро. Трипковиќ со 15п беше најзабележителен кај вицешампионите.
Скокот на Србите беше очаен, едноставно Шпанците си правеа што сакаат во нивниот рекет, дури 17 офанзивни скока што е едноставно недопосливо за било кој тим.
Бронзата оди во рацете на Грција кои во малото финале со 57:56 ја совладаа Словенија. 5-ти се Французите кои со 59:52 ја совладаа Хрватска, а 7 се Русите кои со 89:66 ја прегазија Турција.
Најдобрата петорка е: По Гасол, Еразем ЛОрбек, Руди Фернандез, Василеос Спанулис и Милош Теодосиќ
Јувентус ја забележа и четвртата победа по ред, овој пат жртва беше новиот прволигаш Ливорно, во вториот дуел од саботната претстава, Наполи и Удинезе одиграа без голови.
"Старата дама" поведе уште во 8-та минута по одличното нафрлање на Каморанези во шеснаесетникот на гостите, најдобро се снајде Јакинта кој со глава погоди за 1:0, со што го постигна 3-от гол оваа сезона за Јуве.
За вториот гол исто диригент беше Каморанези, овојпат асистенција во празно за Маркизио кој иако беше во прилично тешка позиција со полулоб од левата страна го совлада голманот на Ливорно.
За одбележување се и двете 100% шанси кои ги имаше Трезеге, но Французинот сепак не успеа да се запише во листата на стрелците.
Ливорно имаше одлична шанса во 65-та минута, но Буфон неверојатно интервенираше. Јуве играше без Диего, Мело, Канаваро и Дел Пјеро.
Јувентус сега е прв со 12 поени од 4 натпревари и ќе ги чека неделните дуели на Џенова и Сампдорија за да видат дали некој ќе има исто 100% учинок како нив.
Менаџерот Рафа Бенитез призна дека неговиот клуб се мачел доста со Унгарците, но победата беше она што им беше најпотребно и тоа го оствариле.
“Имаме голема самодоверба и победите се многу важни за моите фудбалери. Да ја започнете Лигата на Шампионите со три поени секогаш е најважно, а се надевам дека ќе гледаме подобри изданија понатаму.“
“Имавме неколку добри шанси, но не ги искористивме и затоа и почувствувавме мал притисок на крај. Ова беше дуел против еден тврд противник и добро организиран.“
“Ние имавме контрола над играта во првиот дел, а противникот немаше некои шанси. проблемот беше што неможевме да го постигнеме тој втор гол, но пак ќе речам задоволен сум бидејќи победивме.“ - изјави Рафа во прес-конференцијата после натпреварот.
Како што пишува LaLaziosiamonoi.it Пандев побрал од Лацио да му го прекинат договорот бидејќи повеќе неможел да го издржи притисокот кој Лотито му го прави.
Раскинот на договрот би требало да биде и официјално побаран при крајот на неделата или на почетокот на наредната. Ова Пандев го одлучил откако разговарал со својот адвокат Грасани.
Со ова Пандев ќе го стори истото што го направи и Мутарели пред една година. Неговиот тогаш клупски колега се наоѓаше во истата ситуација и го доби овој спор. При тоа при раскинот на договорот тој доби и 20% од преостанатата плата.
Пандев ќе го тужи Лацио за малтретирање. Ако Гоче го добие овој спор што е многу веројатно бидејќи има голема поддршка од сите страни, а и самиот случај Мутарели кажува дека веќе еднаш се досудило во негова корист од јануари ќе стане слободен играч и ќе оди во кој клуб сака.
Во тој случај речиси пола Европа ќе се степа да потпише со Пандев бидејќи нема да плати никаква оштета клубот.
Австралискиот таблоид Daily Telegraph објави ексклузивна приказна со докази дека светскиот шампион(ка) на 800 метри, Кастер Семенија е хемафродит. Кастер наводно, нема ни матка ни јајници.
Атлетскиот скандал на годината доби ново продолжение. Австралискиот таблоид ’Дејли телеграф’ објави докази кои недвосмислено покажуваат дека јужноафриканската атлетичарка Кастер Семенја има и машки и женски гениталии.
„Постојат сигурни докази дека Семенија е хермафродит, но проблемот е во тоа што сите надлежни институции и јужноафриканската јавност многу внимателно ја надгледуваат целата ситуација.
Но, ние ќе направиме се во согласност со правилата“, изјави за Дејли телеграф ’сигурен извор’ од Меѓународната атлетска организација (ИААФ).
„Постојат разни начини за откривање, па затоа утврдувањето на реалната состојба е многу комплицирана, особено заради притисокот од јавноста. Во минатото, се правеа некомплетни гинеколошки прегледи, тестирање на крвта и хромозомите, па многу резултати беа оспорувани.
Денес, се прават сите можни тестови, така што може да се каже со сигурност за што точно се работи. Нашиот најголем проблем е да се избегне какво било сомневање и да можеме да утврдиме кои органи прават жена, и обратно“, изјави ’длабокото грло’ на ИААФ.
Семенја на неодамнешното Светско првенство во Берлин, го освои златниот медал во дисциплината 800 метри за жени, но нејзиниот изглед и фантастичниот резултат (две секунди побрзо од вицепрвакот) побуди сомнеж дека всушност не е девојка.
ИААФ ќе ги објави конечните резултати до 20. ноември, но приказната која го подели светот, изби во јавноста многу порано. Семенија очигледно нема матка ниту јајници, туку внатрешни тестиси, а нивото на машкиот хормон, тестостерон, е три пати поголем од нормалниот за жена.
Се поставува прашањето дали Кастер смее да учествува во конкуренција на атлетичарки и веројатно постојат докази дека не смее.
Имајќи предвид дека има и машки и женски сексуални карактеристики ќе биде повеќе од интересно да се слушне конечната пресуда на ИААФ, врз која падна голема одговорност - да одлучи дали 18-годишната Јужноафриканка е - маж, жена, или се во едно.
Тренерот од младиот погон на Интер, Корадо Вердели, за италијанските медиуми изјави дека било голема грешка што Интер го пуштил Пандев бидејќи видлив бил неговиот квалитет.
“Беше грешка што го пуштивме. Јас се обидов да и објаснам на управата дека не треба да продаваме играч со ваков потенцијал. Тој беше дури подобар уште тогаш од Мартинс.“
“Мурињо ќе биде доста задоволен од него бидејќи може да игра и средина и напад.“
“Со него би можеле да играме со напаѓачка тројка. Но во тој случај би отпаднал еден од Ето и Милито. А тие двајца моментално се недопирливи. Според мене со три напред ќе биде многу подобро. Милито или Ето во средина, а Пандев и Балотели десно и лево.“ - заврши Вердели.
Бразилецот Диего кој ова лето го засили Јувентус за шпанските медиуми изјави дека кога потпишувал воопшто нема претстава дека ќе му биде вака убаво во ова окурување.
“Кога и дефинитивно дознав дека ќе играм за Јувентус немав ни приближни очекувања какви што сега ги доживеав во Торино. Едноставно воодушевен сум што преминав во вака голем клуб. Огрома чест е за мене да бидам дел од овој клуб, град, се. Вистинско уживање.“
“Многу ми е мило што ова лето дојде и мојот сонародник Фелипе Мело. Со него во тимот сум уште посмирен, но мислам дека клубот ќе профитира доста од овие два ангажмана.“
Диего не испушти да го искоментира и Алекс Дел Пјеро. “Тој е вистинско уживање. Таков велемајстор е добивка за секој натпревар, тренинг...“ - заврши Диего кој на вториот натпревар во дербито со Рома беше стрелец на два гола и најзаслужен за победата.
Репрезентацијата на Шпанија убедливо со 5:0 ја победи Белгија на домашен терен и ако “црвената фурија“ победи во среда со Естонија ќе биде втората селекција од Европа што веќе обезбедила пласман во Јужна Африка 2010.
До сигурен пласман во Јужна Африка можат да бидат и Англичаните ако во среда ги совладаат Хрватите во дербито на групата 6, исто како и Србите кој со победа во Белград над Франција ќе си осигураат виза за СП 2010. Во останатите групи ќе треба минимум уште два натпревари за да се дознаат директните патници на мундијалот во Јужна Африка.
Досега веќе од поодамна Холандија има единствено обезбедено пласман на СП 2010 од европската зона.
Шампионот на Италија му одржа вистинска лекција по фудбал на Милан. Во градското дерби Интер со 4:0 ги декласираше Росонерите и им го нанесе најтешкиот пораз во поновата историја.
Иако повеќето фанови на Милан беа сигурни во победата, пред се благодарејќи на стартната победа на гости со Сиена, а и киксот на Интер со Бари, сепак се виде дека носењето на Снајдер е добар потег на Мурињо.
Може се ќе беше поинаку ако уште на стартот Роналдињо успееше да погоди по одличното додавање на Пато. Тоа беше и единствената посериозна шанса за домаќините. Првиот гол падна во 29-та минута по одличната акција на Милито и Тјаго Мота по која Бразилецот погоди за 1:0. Потоа Милан малку притисна, а тоа беше добра можност за контра напади.
Токму при еден таков обид Гатузо го фаулираше Ето во шеснаесетникот и Рицоли покажа на белата точка. Претходно Маикон одлично во празно го проигра Камерунецот. Милито беше прецизен и зголеми на 2:0.
Во 40-та минута голем хендикеп за Росонерите. Гатузо кој се пожали на повреда го замоли Леонардо да го извади, но остана уште некој напад. Џенаро несмасно реагираше при еден напад на Снајдер, му влезе директно во нозе, што беше уште еден жолт за него и туширање пред време. Тоа го искористи Маикон кој по акцијата со Милито прецизно стрелаше за 3:0 уште по првиот дел.
Во второто полувреме рутинирана игра на Нероазурите. Постигнат беше уште еден гол во мрежата на Сторари. Најубавиот на натпреварот, Дејан Станковиќ со прекрасен удар од околу 25 метри ја смести во левиот горен агол на голманот на Милан.
После 31 натпревар на Енфилд без пораз, поточно од дуелот со Манчестер Јунајтед во декември 2007-та, Ливерпул повторно почуствува како е да се загуби на домашен терен.
Овој пат се радуваше Мартин О'Нил и Астон Вила. Тимот од Бирмингем ги искористи грешките на домаќините, како и неефикасноста и славеше со 3:1.
Со ова “црвените“ кои лани имаа само 2 пораза веќе во 3 натпревари го стасаа тој негативен скор од лани.
Во првиот дел преку автоголот на Лукас Леива, по еден слободен удар Вила поведе, за да во последната минута од првото полувреме преку голот на Куртис Дејвис по корнерот на Ники Шори веќе да има и 0:2.
Во вториот дел голем притисок на Ливерпул, многу шанси, фантастичен ветеранот Бред Фридел. Сепак попушти бедемот на Вила и Торес по една акција на Инсуа во 73-та влеа трошка надеж на Коп за пресврт.
Но се беше завршено во наредниот напад на Астон Вила. Џерард несмасно го собра Рио-Кокер во шеснаесетникот и му даде шанса на Ешли Јанг да се запише во листата на стрелците и да ги постави конечните 1:3.
Да, време е за неколку неверојатни фотографии на овој прекрасен ден. Опуштете се, релаксирајте се и погледнете неколку фотографии додека и онака сте тука! Нема да бидете разочарани ...
Летните олимписки игри 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, одлучија членовите на Меѓународниот олимписки комитет на седницата која денеска се одржа во Копенхаген. Рио ја доби ...
Интернет страницата за онлајн аукција „eBay“ го повлече огласот на десет годишното девојче од Велика Британија, кое сакало да ја продаде својата баба. Зои Пемблтон ја ставила својата 61-год ...
Жените кои секојдневни пијат најмалку 5 филџани зелен чај во просек имаат за 20 отсто помал ризик да заболат од рак на желудник, сугерира последното јапонско истражување. Експертите од ...
Microsoft го објави Security Essentials, бесплатен анти-вирус и безбедносен софтвер за сите верзии на Windows оперативниот систем. Претходно овој софтвер го носеше име Мorro и беше најавен дека ...
На 88 години вечерва почина македонскиот романсиер, драмски писател и публицист Коле Чашуле. Тој е роден во прилеп во 1921 година. Чашуле бил директор на радио Скопје, уредник ...
Замислете во цело Скопје, или во вашиот град да има само две продавници за прехрана. Само две и ништо повеќе. Најлесно е да се претпостави дека цените на артиклите внатре ќе бидат драстично ...