Пред неколку недели пишувавме за намерата на месечникот Entertainment Weekly дека во следното печатено издание ќе објави видео реклама. Сега можете да видите како тоа навистина изгледа.
За прикажување на видеото во печатеното издание, Entertainment Weekly ја користи технологијата на компанијата Americhip, која овозможува околу 70 минути на видео и аудио репродукција.
BBC сними видео прилог во кој можете да видите дека не станува збор за ништо премногу гламурозно. Магазинот поради вградениот чип и звучници е прилично задебелен, а сето ова потсетува на божиќните честитки кои свират, што секако е негативна работа. За тоа сепак ќе треба да ги причекаме вестите од правиот електронски весник.
Додека целиот свет шушка за Apple и неговата таблета која што може ќе се појави, компанијата Asus одлучи да ги преземе работите во свои раце и да најаве како еден таков уред треба да изгледа.
Станува збор за читач на е-книги со два екрани, со најниска цена на пазарот.
Убаво е кога иновацијата и ниската цена одат рака под рака, а всушност такво нешто ни подготвува Asus. Првиот читач на е-книги со два екрани би требало да чини околу 100 фунти, кое би го направил еден од најефтините е-читачи на пазарот.
Спецификациите за сега се малку познати, но се претпоставува дека Asus би можел да претстави и поскапа верзија на уредот, кој би имал поддршка за 3G, како и зголемен простор за чување. Во секој случај, сето ова на пазарот би требало да се појави до крајот на 2009 година.
Компанијата Panasonic претстави плазма телевизор со дијагонала од 216 сантиметри (85 инчи), со врвни перформанси, но и непријатни цени.
TH-85PF12U, како што во Panasonic го нарекоа овој уред, поддржува HD резолуција од 1080 p и NeoPDP технологијата на компанијата која ветува врвен квалитет на слика, а сето тоа со прифатлива дебелина на екранот од само 9,9 сантиметри.
Доколку пак помисливте дека целиот уред ќе можете да го подигнете со една рака, заборавете на тоа: тежината е незгодни 117 килограми.
Ваков производ, јасно, спаѓа во категоријата "ако морате да прашате за цената, заборавете на него", но ако баш сакате, цената е околу 30.000 американски долари.
Може да ве утеши тоа што е сеуште 15.000 долари помалку од 103 инчниот модел од истата компанија.
USB флеш мемориите ги има навистина во најразлични варијанти и облици, но сосема сигурно, како и ние, никогаш немате видено како тие настануваат.
Се повеќе присутната USB флеш меморија е неизоставен гаџет, но просецот на нејзино создавање до денес воопшто и не беше познат. Екипа на страницата NetbookNews.com имала чест да го посети производниот погон на Kingston во Тајван, а на наша радост сето тоа го забележале со камера.
Како и што очекувавме, процесот на создавање на USB флеш дискот ја вклучува силата на роботите и по нешто рачна изработка.
Да, знаеме: два или три USB слота, колку што има просечен нетбук, а често и компјутерот, едноставно не е доволно. Корисниците поради тоа купуваат додатни USB хабови со неколку додатни порта, но ваков сеуште не сте виделе.
USB хаб на компанијата Cambrionix има ни повеќе ни помалку 49 USB слота. Пред да помислите дека станува збор за уште еден уред кој веројатно не работи ниту како што треба, ќе мора ва разочараме (или развеселиме) : тоа е уред наменет за професионалците, а таква му е и цената - 657 евра.
Што се однесува до додатните барања, овој USB хаб работи право од кутија, а мора да имате и квалитетно напојување со моќност од барем 500 W.
Еве еден гаџет кој навистина не можеме да го категоризираме. Станува збор за фотоапарат, камера со објектив со голем зум, а сето ова заедно може да послужи и како аудио/видео репродуктор.
Веќе и од самото официјално име на овој уред - Avatar Digital Binocular Sports and Spy Camera - јасно е дека станува збор за многу необичен уред. Да почнеме со ред: тоа е (претпоставуваме) првенствено фотографски апарат со резолуција од пет мегапиксели (тоа е резолуција на CMOS сензорот, но како најголема резолуција се наведуваат смешни 1.280 x 960 пиксели) со можност за снимање на видео со резолуција од 640 x 480 пиксели при 25 слики во секунда.
Огромниот (а спрема изгледот и прилично неспретен) објектив нуди дури 21 пати зум, а тука може додатно да помогне и четириесетструкиот дигитален зум, но без автофокус и активно исправување на тресење на уредот. Не сме сигурни како сето ова ќе биде употребливо во пракса (без статив сигурно не).
За на крај, ако ви здосади шпиунирањето, овој уред и неговиот LCD екран со дијагонала од два и пол инча може да послужи и како аудио/видео репродуктор, со интерфејс кој неодоливо потсеќа на оној на iPhone.
Погледнете го целиот список на спецификации овде, ние само ќе додадеме дека сето ова ќе чини околу 90 евра, што и не е многу во однос на тоа што добивате.
Компанијата Кингстон одлучи да се позиционира како производител на џебни USB флеш мемории со најголем капацитет: откако го претставија USB меморискиот модул со капацитет од 128 GB, сега пристигна и двојна поголема верзија.
Како што е обично со USB мемориите, нема за што да зборуваме освен за капацитетот (256 GB), брзината на пренос на податоци на овој уред, наречена Kingston Data Traveler 300 - производителот наведува брзина на читање од 20MB/s, и запишување 10MB/s, што не е спектакуларно, но не е ни лошо.
Но, погодувате: ако сакате да имате USB меморија со најголем капацитет, за тоа ќе треба да одвоите и поголема сума на пари, во овој случај 900 долари. Кој сака, нека повели.
Малиот видео Walkman E440 на Сони нема OLED екран како некои други вокмени, но затоа пак цената ќе биде поволна.
Новиот вокмен на Сони, E440 доаѓа во црна или во комбинација на црвена и црна боја, подржува MP3, WMV и WMA формати, има FM радио (со кое може да се снима директно на меморијата на уредот) и еквилајзер. Батеријата ќе издржи шест часа снимање видео и 30 часа репродукција на музика, а капацитетот на меморијата сеуште не е познат.
Има LCD екран со дијагонала од само два инча, што е мана за уред кој е наменет за репродукција на видео. Но серијата Е означува ефтини уреди за оние корисници кои помалку бараат, па се очекува дека и Е440 ќе биде повеќе поволен од конкуренцијата со поголеми екрани. Точната цена и датумот на појавување на пазарот не се познати.
Компанијата Samsung претстави доста мала камера која може да снима видео во HD резолуција и овозможува едноставно качување на видеа на Youtube.
Samsung HMX-U10 изгледа како малку поголем мобилен но има прилично импресивни можности - сензор со резолуција од 10 мегапиксели и можноста за снимање на видео во HD (1.920 x 1.080 пиксели) резолуција, и сето ова може да се види на LCD екран со дијагонала од два инчи. Тука е и можност за качување на видеа на Youtube само со еден клик, што навистина им ја поедноставува работата на оние кои често се служат со овој популарен сервис.
Камерата е со димензии 56 x 103 x 15,5 милиметри и тежина од 95 грама, а сето заедно изгледа многу елегантно, така да цената од 200 долари се чини прилично поволна. Но ако сте планирале да купите такво нешто за снимање на летните авантури, ништо од тоа за ова лето, бидејќи HMX-U10 ќе се појави на пазарот дури во септември.
Деталите околу фотографскиот апарат од Fujifilm кој има две леќи и може да прави 3D фотографии полека се остваруваат. Уредот би требало да се појави на пазарот во септември, и тоа по цена од околу 600 долари.
Цената е прилично висока во однос на другите фотоапарати, но така е тоа ако сакате да имате нешто што никој друг го нема: 3D фотографии.
Нажалост ако сакате да ги видите тие фотографиите, ќе мора да купите или специјална хартија за печатење, или специјална дигитална LCD фото рамка која ќе може да ги прикаже, што значи дека ќе треба да потрошите уште (многу) пари, а сето ова заедно веројатно ќе одбие поголем дел на потенцијални купувачи.
Детали околу новата технологија може да погледнете овде.
Иако се тргна на страна додека компаниите како што се Asus и Acer остварија голем профит продавајќи евтини, мали преносници, кои со едно име ги нарекуваме netbooks, Sony се одлучи да се вклучи во таа игра.
Преносниците на Sony секогаш биле за малку поскапи од своите конкуренти и имале повеќе гламур. Така е и со новата серија Vaio W.
Иако по спецификациите (екран со дијагонала од 10.1 инчи и резолуција од 1366x768 пиксели, процесор Intel Atom со работен такт од 1.6 GHz со 1GB RAM меморија), дефинитивно станува збор за netbook, цена од 400 евра (во Јапонија) која е за нешто повеќе од конкуренцијата. Ако новиот малишан на Sony не крие некакви изненадувања, тешко ќе се одржува на пазарот во кој веќе суверено владеат Asus, HP и Acer.
Поминаа 30 години откако Sony ја претстави преносната музичка направа која ја нарече Walkman. Самиот уред низ сите овие години значајно се менуваше, но легендарното име остана.
Еден од основачите на Sony, Масару Ибука, на своите патувања дошол до идеја за уред за репродукција на музика кој би бил преносен. Го замислил така што луѓето би можеле да го користат дури и кога трчаат. Откако инженерите ги дизајнирале и ги направиле првите примероци, Sony му го дал името Walkman.
Денес признаваат дека ова име многу им се допаднало затоа што ги потсетувало на Супермен, кој во тоа време бил популарен стрип јунак кој само година претходно станал и филмски јунак.
Продажбата запчнала на 1 јули 1979 година и во првите два месеци биле продадени 30.000 парчиња, а во следните 10 години биле продадени 50 милиони примероци. Успехот на името и уредот бил толкав што зборот Walkman во 1986 година добил место во речникот на Оксфорд.
Со доаѓањето на дигиталната ера, улогата на Walkman ја презеде iPod и токму оваа толку позната трговска марка стана симбол на неснаоѓањето на Sony во дигиталната ера. Неуспехот на MiniDisc и инсистирањето на заштитениот ATRAC формат на музика кога целиот свет преферираше Mp3 го чинеше Sony губење на пазарната доминација.
iPod стана Walkman на новиот век. Името Walkman донекаде беше рехабилитирано со прифаќање на МР3 форматот и мобилните телефони наменети за слушање музика, меѓутоа денес со овој сегмент од пазарот владее Apple.
Intel измисли нов систем за именување на процесорите кој би требало да го поедностави снаоѓањето на корисникот, а е базиран на новата серија процесори Core i7.
Моментално Intel има неколку генерации процесори на пазарот и секоја има свое име. Во продавниците сеуште е можно да се купат процесори кои се викаат Pentium, потоа Core 2 процесори и на крај новите Core i7. Поради тоа, Intel во наредните месеци ќе се обиде да го стандардизира именувањето на процесорите така што името Core i7 ќе го задржат процесорите кои се наоѓаат на врвот на листата на понудени, Core i5 ќе биде средна класа, а Core i3 ќе бидат најефтините процесори со најскромни перформанси.
Засега се знае дека процесорите со кодно име Lynnfield ќе се најдат во i5 и i7 категориите, Clarkfield мобилните процесори ќе бидат во i7, Аrrandale процесорите произведени во 32nm производен процес во продажба ќе се најдат со името i3. Core 2 Duo i Core 2 Quad ќе исчезнат од употреба (како имиња, се разбира), а Centrino ќе се користи како термин за мрежни адаптери.
Да, време е за неколку неверојатни фотографии на овој прекрасен ден. Опуштете се, релаксирајте се и погледнете неколку фотографии додека и онака сте тука! Нема да бидете разочарани ...
Летните олимписки игри 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, одлучија членовите на Меѓународниот олимписки комитет на седницата која денеска се одржа во Копенхаген. Рио ја доби ...
Интернет страницата за онлајн аукција „eBay“ го повлече огласот на десет годишното девојче од Велика Британија, кое сакало да ја продаде својата баба. Зои Пемблтон ја ставила својата 61-год ...
Жените кои секојдневни пијат најмалку 5 филџани зелен чај во просек имаат за 20 отсто помал ризик да заболат од рак на желудник, сугерира последното јапонско истражување. Експертите од ...
Microsoft го објави Security Essentials, бесплатен анти-вирус и безбедносен софтвер за сите верзии на Windows оперативниот систем. Претходно овој софтвер го носеше име Мorro и беше најавен дека ...
На 88 години вечерва почина македонскиот романсиер, драмски писател и публицист Коле Чашуле. Тој е роден во прилеп во 1921 година. Чашуле бил директор на радио Скопје, уредник ...
Замислете во цело Скопје, или во вашиот град да има само две продавници за прехрана. Само две и ништо повеќе. Најлесно е да се претпостави дека цените на артиклите внатре ќе бидат драстично ...