 Компанијата Panasonic претстави плазма телевизор со дијагонала од 216 сантиметри (85 инчи), со врвни перформанси, но и непријатни цени.
Компанијата Panasonic претстави плазма телевизор со дијагонала од 216 сантиметри (85 инчи), со врвни перформанси, но и непријатни цени.Доколку пак помисливте дека целиот уред ќе можете да го подигнете со една рака, заборавете на тоа: тежината е незгодни 117 килограми.
Ваков производ, јасно, спаѓа во категоријата "ако морате да прашате за цената, заборавете на него", но ако баш сакате, цената е околу 30.000 американски долари.
Може да ве утеши тоа што е сеуште 15.000 долари помалку од 103 инчниот модел од истата компанија.
|  | [ 02-09-2009 ] | 


 
														



 







