 Велико Градиште на североисточна Србија за неколку денови ќе биде полно со маѓепсници, вештерки и духови, кои тука ќе се соберат за да учествуваат на првиот Светски конгрес на вештерки.
Велико Градиште на североисточна Србија за неколку денови ќе биде полно со маѓепсници, вештерки и духови, кои тука ќе се соберат за да учествуваат на првиот Светски конгрес на вештерки.Организаторите изјавија дека очекуваат вештерки и маѓепсници од Македонија, Романија, Украина, Русија и Бугарија кои ќе ги демонстрираат своите способности во подготвувањето на магични напитоци,но и разни „моќи“, пренесува Mondo.
- Сакаме на интересен начин да го доловиме амбиентот од времето на вештерките, духовите и маѓепсниците. Меѓу другото, посетителите ќе може да пробаат „магични“ напитоци од разни вештерки и маѓепсници, како и посебен магичен коктел кој ќе се приготвува во огромен лонец во градскиот парк“, најавија органзиаторите од World Witch Congress Team.
Врвот на вечерта ќе се одбележи со големата клада за вештерската забава која ќе трае цела ноќ. Значи, за сите вештерки од кај нас: ставете бензин во метлите, и трк во Велико Градиште.
|  | [ 02-09-2009 ] | 


 
														



 







