-->

Google Chrome 3

Нешто повеќе од една година после првото претставување на Google Chrome на јавноста, Google ја објави и верзијата 3 на својот веб прелистувач.

Според официјалното соопштение, Google Chrome сега е 25% побрз од својата претходна верзија при извршување на JavaScript на веб страниците, со што на корисниците ќе им биде забрзано вкупното прегледување на веб страниците. Подобрувања се направени и на полето на управување со табовите, како и при манипулација со аудио и видео содржините.

- Chrome 3 е резултат на работата на 51 програмери, претставување на 21 бета и 15 стабилни верзии и поправени точно 3.505 грешки во прелистувачот, се вели на официјалниот блог на веб прелистувачот.

Google Chrome за само една година од претставувањето, е на третото место на веб прелистувачи, со удел од околу 3%, а во наредната година се очекува процентот двојно да се зголеми.

Сите новитети за новата верзија можете да ги прочитате на официјалниот блог, а најновата верзија можете да ја преземете тука.


                                                                                              [ 16-09-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com