-->

Почина Патрик Свејзи

Познатиот холивудски актер Патрик Свејзи почина на 57-годишна возраст како последица на заболувањето од рак на панкреасот, кој му беше дијагностициран во јануари 2008.

Свејзи, роден на 18. август 1952, ги подигна сите на нозе со Dirty Dancing, а ги расплака со улогата во Ghost. Омилен меѓу публиката, покрај актерската кариера беше познат и по неговата прва љубов, танцувањето како и по еден по малку симболичен излет во музиката, како композитор и изведувач.

Борбата со ракот, која за него не изгледаше невозможна за добивање после првичните подобрувања по хемотерапијата, се чини дека започна да ја губи засекогаш на 19. април оваа година кога неговите доктори го информираа дека метастазите на ракот се прошириле и врз неговиот црн дроб.

20 месеци после првичната дијагноза, најсекси мажот за 1991. година според People магазинот, во својот дом и во кругот на фамилијата, почина мирно на 14. септември 2009. година.


                                                                                              [ 15-09-2009 ]

Убиецот на зајачицата пронајден мртов

Рајан Џенкинс, кој беше осомничен за убиство на сопругата Џасмин Фиори, се обеси во Канада.

Канадските полициски власти известиле дека 31 годишниот Џенкинс го пронашле обесен во хотелската соба во градот Хоп. - Прелиминарните резултати од истрагата упатуваат на фактот дека Рајан Александар Џенкинс извршил самоубиство, стои во полицискиот извештај.

Џенкинс во петокот и официјално беше прогласен за осомничен, а за кратко време неговиот брод е пронајден на самата граница помеѓу САД и Канада.

Убиецот на Џасмин Фиори, бивша Плејбој зајачица и стриптизерка, бил во полицискиот округ, но властите до вчера не ја знеаја неговата точна локација, се до моментот кога персоналот на хотелот во Хоп јави за смрт на маж.

Рајан Џенкинс ја уби својата сопруга, ја исекол на парчиња, телото го ставил во куфери, а истите ги фрлил во контејнер. Убиецот е познат по учеството во две реални шоуа, "Megan Wants a Millionaire" и "I Love Money" на телевизијата VH1.

Моментално двата проекта се откажани, а продуцентите тврдат кога го провериле минатото на Џенкинс не наишле на никакви криминални активности. Полицијата известила дека Рајан Џенкинс пред две години бил осуден поради насилство.


                                                                                              [ 24-08-2009 ]

Миша Бартон заврши во лудница

Холивудската актерка Миша Бартон е принудно хоспитализирана во психијатриска установа, објавува Access Hollywood.

Дваесет и три годишната Бартон во моментот се наоѓа во медицинскиот центар Cedars-Sinai, во Лос Анџелес.

Полицијата му потврди на People магазинот дека ја отстранила Бартон од нејзината куќа, но одби да даде повеќе детали.

-Таа има многу лични проблеми. Не знам дали навистина се откажа од некои од лошите навики кои што излегоа од контрола пред неколку години, истакнува еден нејзин пријател за People магазинот.

Барон беше уапсена и обвинета за возење во пијана состојба како и за поседување марихуана во април 2007 година.


Сподели                                                                                                                 [ 17-07-2009 ]


Орландо Блум олеснет за околу 500.000 долари

Куќата во која живее sвездата од филмовите "Пиратите од Карибите" и "Господар на прстените" Орландо Блум, ограбена е додека бил отсутен, потврди во четвртокот полицијата.

Полицијата е повикана во неговата куќа во Лос Анџелес во средата навечер, откако еден од роднините на Блум установи дека е направен грабеж, изјави претставничка на полицијата Тенеша Добин.

Однесени се пари и накит, изјави Добин, но не сакаше да каже колкава е вреднoста на украдената роба. Неслужбено, се работи за околу 500.000 долари.

Блум глумеше во сите три продолженија на "Пиратите од Карибите", како и во трилогијата "Господар на прстените".


Сподели                                                                                                                 [ 17-07-2009 ]


Моника Круз не заостанува со сексапилот од сестра ѝ

Моника Круз е помладата сестра на прославената шпанска глумица и добитник на Оскар, Пенелопа Круз, а овие дена на плажата Ибица покажа дека и таа не поминала лошо во "генетскиот рулет" и дека е подеднакво сексапилна. Останува на вас да одлучите.






Сподели                                                                                                                 [ 16-07-2009 ]


Елизабет Тејлор во болница поради исцрпеност

Елизабет Тејлор од понеделникот се наоѓа во болница поради исцрпеноста од тагувањето за трагично покојниот крал на попот.

Седумдесет и седумгодишната Тејлор хоспитализирана е од понеделникот кога и се слошило во нејзината куќа во Беверли Хилс. Елизабет Тејлор, која веќе долго време е во инвалидска количка, веќе една недела е во шок поради смртта на Мајкл Џексон.

Познато е дека Џексон и Тејлор беа долгогодишни нераздвојни пријатели, на пејачката комеморација не се појавила бидејќи била скршена од болка и плашејќи се дека нејзиното тело нема да може да издржи. После смртта на Џексон изјавила дека тој бил една од нејзините најсакани личности која таа ги познавала во својот живот. Последица од сето ова е тоа дека таа емотивно пропаднала. После константно исцрпување настапил колапс, затоа што нејзини блиски извори изјавиле за американските медиуми дека секој ден плачела за Мајкл.


Сподели                                                                                                                 [ 15-07-2009 ]


Денис Ричардс ги покажа градите

Денис Ричардс го слече горниот дел бикини на плажа во реалното шоу "It’s Complicated". Снимката е потполно нецензурирана, но она што може да се забележи после првото гледање на видеото е тоа дека целиот "инцидент" е наместен по сценарио.

Како поинаку да се објасни заминувањето на Денис Ричардс и уште четири не баш атрактивни бринети на скриена плажа, за да се сончаат во топлес, кога е со нив камерман и тон мајстор, а веројатно и цела војска на луѓе од продукцијата која се грижи за шминката и слично. Но, во ред е и ако е наместено може да се ужива во погледот на Ричардс.




Сподели                                                                                                                 [ 15-07-2009 ]


Бруно поуспешен и попопуларен од Борат

Новиот филмски хит на комичарот Саша Барон Коен, „Bruno“, моментално е најуспешен филм во САД. Овој викенд летниот кино хит заработи 30,4 милиони долари, и со тоа го надмина „Borat“.

Филмот за австрискиот хомосексуален моден стилист доби просечни критики од страна познатите филмски критичари од Холивуд. Сепак јавноста очигледно повеќе го засака „Bruno“ и едноставно полуде по контроверзниот филм, за кого австриските политичари побараа да биде цензуриран.

- Филмот е позабавен од „Borat“ и навистина повеќе ми се допадна. Не знам зошто критиката го нападна Барон Коен, но актерот едноставно растура со своето глумење, изјави еден од присутните на првата проекција во Лос Анџелес.


Сподели                                                                                                                 [ 14-07-2009 ]


Парис Џексон: Ќе направам песна за мојот татко

Ќерката на покојниот Мајкл Џексон, Парис Џексон покажала неверојатна храброст кога изјавила дека сака да сними песна посветена исклучиво на нејзиниот татко.

Единаесетгодишната Парис ја инспирирале пејачите како Стиви Вондер за време на комеморацијата во чест на нејзиниот татко, во Стејплс центарот во Лос Анџелес.

Парис разговарала за оваа идеја со нејзината тетка Џенет, но се чека одлуката на дедото и бабата кои за сега не сакаат да зборуваат околу тоа. Според информациите кои се достапни, за сега нив им е важно да ја заштитат приватноста на Парис од странсите влијанија.


Сподели                                                                                                                 [ 10-07-2009 ]


Мери Луис Паркер покажа сексапил во кујната

Доколку сте обожавател на серијата "Weeds", во кој главна улога има Мери Луис Паркер, тогаш е голема можноста дека вистински ќе уживате во галеријата фотографиии која ги направи за магазинот Esquire.





Наводно се зборува дека овој сет фотографии каде госпоѓата Мери Луис меси тесто, е најсексапилниот фотошутинг кој оваа глумица го има направено досега. Самите погледнете како тоа изгледа кога Мери Луис го зема тестото во кујната, сакајќи само да јао направи "највкусната" пита од вишни, во која апсолутно сите би уживале, а да не зборуваме за секси деловите од нејзиното тело кои провираат од прозирната облека.


Сподели                                                                                                                 [ 10-07-2009 ]


Денис Ричардс се капе во брановите

Сексипилната глумица Денис Ричардс посака малку да се одмори и одлучи денот да го помине на плажа. Во минималистичко црвено бикини покажа како уште долго можеме да рачунаме на фотографии кои што на некои ќе им го разубави денот.





Триесетосумгодишната глумица, девојката на Бонд и поранешен модел која не се покажа ниту во една улога по која ќе ја паметиме, сепак успеа да се наметне во светот на славните и тоа во брак со проблематичниот Чарли Шеном и фотографирање за Playboy само пет месеци откако се породи.

[ 04-07-2009 ]


Денес ќе биде погребана актерката Фара Фосит

Американската глумица Фара Фосит (62) години, која почина во четвртокот од рак, ќе биде погребана денеска на приватна церемонија во Лос Анџелес.

Погребната служба ќе се одржи доцна вечерва по средноевропско време во катедралата „Пресвета Богородица“ во Лос Анџелес.

Синот на Фосит, Редмонд О’Нил, кој се наоѓа на отслужување затворска казна поради продажба на наркотици, за погребот ќе биде пуштен од затвор на неколку часа.

Фосит, позната по својата исклучително широка насмевка и бујната руса коса, од 2006 година се бореше со ракот на дебело црево кој се прошири и на црниот дроб, и покрај многубројните агресивни терапии во Германија и Калифорнија.

Пред само шест недели, во мај, прикажан е и нејзиниот личен некролог - видео дневник, кој го водела во текот на последните месеци од својот живот насловен како „Приказната на Фара“.

Некогашниот секс симбол и „златната девојка на Холивуд“ само пред неколку дена конечно се согласи да се омажи за својот долгогодишен партнер и познат глумец Рајан О’Нил, кој е и татко на Редмонд.

Фара Фосит ќе остане запаметена по улогата на гламурозната Џил Мароу во серијалот за три приватни детективки, „Ангелите на Чарли“, како и по улогата во филмот „Екстреми“ од 1986 година, за која ја диби првата од шестте номинации за „Златен глобус“

[ 30-06-2009 ]


Шон Пен се повлекува од Холивуд

Оскаровецот Шон Пен на неодредено време ќе се повлече од Холивуд и ќе се посвети на семејството. Еден од најдобрите актери во светот кој се откажа од улогите во филмовите „The Three Stoogers“ и „Cartel“ изјави дека сигурно ќе одмора една година.

Сценаристите и режисерите на „The Three Stoogers“, Питер и Боби Фарели мора да бараат замена бидејќи неодамна објавија дека Пен, Џим Кери и Бенасио Дел Тори ќе ги глумат трите главни улоги во нивниот нов филм. Фарели сега се во голема дилема, дали да го чекаат Оскаровецот или пак да побараат замена.

- Не знам што ќе правиме бидејќи MGM планира да го пушти филмот во 2010 година. Ако одлучиме да чекаме ризикуваме да ги изгубиме Кери и Бенасио. Ќе треба да разговараме со Шон и да видиме што ќе прави во иднина бидејќи неговата одлука не шокираше, изјавија Фарели.

Според шпекулациите во Холивуд, режисерите ќе немаат големи проблеми за вториот филм бидејќи познатото филмско студио „Universal“ планираа да го сними „Cartel“ без Пен.

 

Copyright © 2009 selotejp.com