-->

Отштета од 200 илјади евра поради прељуба


Врховниот суд на Шпанија одлучи дека една жена мора да му плати на сопругот отштета од 200 илјади евра на име “морална отштета“ бидејќи го измамила.

Жената со љубовникот има три деца, но со години тврдела дека се на сопругот. Несреќниот маж, кој долго време се сомневал дека неговата жена го мами, на крајот дознал дека има љубовник шест од вкупно 14 години колку биле во брак.


ДНК тестовите утврдиле дека три од нивните четири деца не се негови. Врз основа на тестовите, измамениот маж ја тужел сопругата барајќи отштета.

Со првостепената пресуда жената требала да плати 100 илјади евра за страдањето што го предизвикала кај сопругот.

Таа поднела жалба до Врховниот суд, по што казната и била - удвоена.

Имено, судот не го прифатил нејзиното правдање дека “морала да најде љубовник бидејќи сопругот бил премногу ладен и незаинтересиран за одгледување на децата“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com