По реакцијата на Европската комисија и официјалното предупредување до производителите на мобилни телефони, дека сите тие мора да користат еден универзален полнач кој би се користел за сите модели на телефони, се огласи и GSM асоцијацијата која најави дека веќе работи на решение за овој проблем.
GSMA најави дека мобилните телефони со универзален полнач треба да почнат да се појавуваат на пазарот до 2012 година, а универзалниот конектор кој ќе се користи во телефоните ќе биде всушност мини USB. GSMA очекува дека и останатите производители ќе го следат овој тренд на европските мобилни компании и ќе го имплементираат универзалниот мини USB полнач во нивните телефони.
Светската GSM асоцијација е составена од повеќе мобилни компании и оператори, вклучувајќи ги AT&T, KTF, LG, Mobilkom Austria, Motorola, Nokia, Orange, Samsung, Sony Ericsson, Telenor, T-Mobile и Vodafon.