-->

Поглед кон иднината: Во 2060 година ќе живееме на Марс?

Луѓето ќе се исхрануваат со вештачко месо, ќе живееме во просек околу 120 години, а се тоа ќе се случи во блиска иднина. Познатиот руски писател на научна фантастика Владимир Стрелетски направил избор на работи кои би можеле да се случат во наредните 100 години.

Писателот собирал предвидувања од повеќе футурози, пророци и научници и сите ги составил и обединил на една листа. Иднината која ја предвидува е сосема извесна, но помалку и застрашувачка.

2009-2025: адроиди и роботи ќе се користат во индустријата посебно на ризични и опасни работни места

2010: научниците ќе докажат дека човековата душа постои и по неговата смрт

2010-2012: земјите Европа, Америка и Пацификот ќе се соединат во еден голем регионален блок. Руско-кинеско вселенско летало успешно ќе слета на Месечината.

2011: ќе биде измислен лек против вирусот на СИДА

2011-2023: голем број емигранти од Блискиот исток ќе дојдат во Европа. Демократијата во Европа и САД ќе доживее криза, а нивните лидери ќе се свртат кон авторитативни методи

2012: ќе биде произведена пилула за зголемување на интелегенцијата

2013: луѓето ќе ја направат првата плантажа за одгледување на вештачко месо

2015-2025: радиоактивниот отпад веќе нема да се фрла на Земјата, туку ќе биде лансиран во вселената

2016: нафтените резерви полека ќе ги снемува

2022: човекот ќе слета на Марс

2025: почеток на глобална криза поврзана со недостаток на вода за пиење, која ќе ги зафати две третини од светската популација. Многу земји кои имаат излез на море ќе пронајдат начин да ја дестилираат морската вода и да ја користат за пиење. Научниците ќе бидат во можност да го продолжат човековиот живот до 120 години.

2026: ќе се создаде вештачка интелегенција

2027: ќе примиме радио сигнал од вонземска цивилизација

2029: ќе се појават првите киборзи

2030: ќе бидат измислени низа мерки кои би го забавиле стареењето

2030-2080: индустриски развој на актричкото и антарктичкото подрајче

2035: светската економија ќе претрпи уште една криза поради недостаток на вода за пиење

2039: ќе биде измислена вештачка матка, ќе се појави првиот човеков инкубатор

2047: холографската телевизија ќе стане дел од секојдневниот живот

2060: луѓето ќе ја изградат првата колонија на Марс

2069: судир помеѓу Русија и Кина поради сибирската територија

2075: во сите земји ќе биде легализирана еутаназијата

2090: ќе започнат да се градат градови под вода

2110: трансексуалните ќе бидат 5% од човековата популација

2114: човештвото за прв пат ќе воспостави контакт со вонземска цивилизација
Анонимен рече...

OMG ! od kaj ti se ovie informaci ?

 

Copyright © 2009 selotejp.com