-->

Во виното е - ракот

Французите, а потоа и остатокот од светот на нозе ги дигна веста за наводно децениската заблуда за лековитоста на виното. Според некои нови истражувања, "чашка на ден" го зголемува ризикот од канцерогени заболувања.

Со консумирање на само 1.25 децилитри вино на ден се зголемува ризикот за заболување од рак за неверојатни 168%! Ова е заклучокот до кој дојдоа Француските онколози, а поопширните резултати се објавени во извештајот на Националниот институт за рак (INCA).

Во студијата стои дека конзумирањето на било кој алкохол (вклучувајќи го пивото и виното) може да придонесе за заболување од рак на усната шуплина, грло, дебело црево и дојка, а до тоа доаѓа со трансформација на етанолот од алкохолот во ацетилдехид, кој предизвикува оштетување на ДНК кај здравите клетки.

Добрата вест е што алкохолот, како и тутунот, е можно да се избегнуваат во секојдневниот живот, со усвојување на нови здрави навики. До сега, за поздраво срце, па дури и црн дроб се препорачуваше по една до две чаши вино на ден, но сега се смета дека дури и најмалата количина може да предизвика смртоносна верижна реакција.

"Постојат поздрави начини за грижа за вашето срце. Многу малку докази постојат за да би се фаворизирало црното вино во однос на другите алкохолни пијалоци", коментира Џоди Мофат, од британското здружение Cancer Research.

 

Copyright © 2009 selotejp.com