-->

Србин убил новинарка на Би-Би-Си, оти НАТО го бомбардирал Белград


Скотланд Јард покренал истрага против српски криминалец, кој е осомничен за убиство на Јил Данд, новинарка на Би-Би-Си.

Осомничениот Србин, пијан, во лондонското кафуле Портобело, јавно признал дека ја убил британската новинарка, а како причина за злосторството го навел бомбардирањето на НАТО на Белград. Тој почнал гласно на гостите во кафулето да им раскажува како и зошто го сторил злосторството, а по завршувањето на приказната присутните почнале да му ракоплескаат. Минатата недела на англиската полиција, доброволно, и' се јавиле двајца сведоци, кои го слушале убиецот како се фалел во кафулето.

Јил Дандо била убиена пред својата куќа, во северен Лондон, во 1999 година. Убиецот и пукал со пиштол во главата. Истражните органи, по убиството, изјавиле дека злосторството го сторил професионален убиец. За убиството на Дандо во 2001 година, бил осуден Бери Џорџ, но поради недостаток на цврсти докази, целиот случај бил повторно вратен на истрагата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com