-->

Марадона стана дедо, Агуеро татко


Легендата на аргентинскиот фудбал, моменталниот селектор стана дедо, а аргентинската надеж – татко. Малечкото ќе се вика како Меси!

Џанина Марадона роди момче во приватна клиника во Мадрид, а во болницата освен нејзиниот свршеник Серхио ’Кун’ Агуеро беше и нејзиниот татко, легендарниот Диего Армандо.

Породувањето помина во најдобар ред, а момчето кое ги има гените на двајца феноменални фудбалски мајстори доби име на уште еден виртуоз кој растура на фудбалските терени – Лионел Меси.

Момчето во чест на пријателството на Марадона и Агуеро со Меси, ќе се вика Бенхамин Лионел Агуеро.

Серхио Агуеро по породувањето ги почести соиграчите од Атлетико, но не славеа предолго бидејќи ги чека дербито против Севиља.

 

Copyright © 2009 selotejp.com