Американскиот претседател Барак Обама го објави денеска долгоочекуваниот план за борба против кризата на американскиот хипотекарен пазар, каде ќе бидат дадени 275 милијарди долари за запирање на бранот принудни продажби на куќи на сопственици кои не се во состојба да ги отплатат хипотекарните кредити.
- Сите ја плаќаме цената за оваа хипотекарна криза и сите ќе платиме дури и повисока цена доколку дозволиме оваа криза да се разбуди-криза која го разградува и самиот американски сон, изјави Обама.
Хипотекарната криза во САД имаше централна улога во финансиските и кредитни превирања кои се проширија на речиси сите земји во светот.
Според пдоатоци на Здружението на хипотекарни банкари, на крајот од минатата година нешто повеќе од девет отсто од сите корисници на хипотекарни заеми во САД биле многу близу или веќе во процес на запленување на недвижност.
Во извештај на банката Креди Свис до 2012 година вкупно 8,1 милион куќи во САД или 16 отсто од сите куќи под хипотека може да бидат за принудна продажба. Целта на планот на Обама од 275 милијарди долари е давање помош за девет милиони американски семејства за да се спречи да останат без своите куќи.
Таа иницијатива треба да обезбеди помош за пет милиони корисници на хипотекарни кредити кои имаат долг поголем од сегашнаат вредност на нивните куќи, да ги рефинансираат своите долгови.
Во рамки на тој пакет предвидени се 75 милијарди долари за намалување на месечните рати за уште три до четири милиони сопственици на куќи кои не можат да ги отплатат хипотекарните кредити поради зголемената камата или од некој личен неуспех.