-->

Човек што може да изеде се'

Алжир, 26 февруари, (Нетпрес) - Салим Хаии (25) се обидува да влезе во Гинисовата книга на рекорди јадејќи свеќи, стакло, сијалици, хартија, метални клинци... всушност се'.



“Можам да јадам се', се' на што ќе помислите. Учествував во многу натпреварувања и имам поставено неколку национални рекорди. Се' започна во 2000 година, на 27-та ноќ од верскиот празник Рамазан и тоа на многу чуден начин, за кој сега не сакам да зборувам, но ако бог ми овозможи да влезам во Гинисовата книга на рекорди, тогаш ќе зборувам за тоа јавно. Сакам во Гинисовата книга на рекорди да бидам впишан како првиот Арап, кој може да изеде било што. Тоа ќе биде голема чест за мене и за луѓето од мојата земја“, изјавува Хаини за британската “Ај Ти Ен Њуз“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com