-->

Промашувања на неделата


За престижната титула од викендов одбравме двајца добри стрелци кои се докажаа како добри киксери. Никлас Бендтнер и Исмаел Бланко - Погледнете ги!

Никлас Бендтнер и Исмаел Бланко навистина шокираа со нивната неснаодливост во казнетиот простор.

Посебно на Бендтнер ваквото промашување не му служи на честа. Уште пред мечот со Кардиф тврдеше дека го заслужува местото во првиот тим на Арсенал, но на чуден начин се реши да им го докаже тоа на Венгер и на навивачите. Погледнете:



Навистина, Арсенал веќе водеше со 2:0 во моментот на киксот, дотогаш и еднаш беше прецизен, но тешко дека тоа може да му послужи како оправдание.

Но, данскиот репрезентативец не беше единствениот кој се покажа како слон во стакларска работилница. Аргентинецот Исмаел Бланко исто така влезе во конкуренција за киксер на неделата.



Да не беше голот на Панајотис Таккцидис во судиското надополнување АЕК ќе освоеше само бод во мечот против Трасиволос.

 

Copyright © 2009 selotejp.com