-->

Женските лица "говорат", машките "молчат"

Иако народните мудрости советуваат дека "изгледот лаже", научниците тврдат дека проценката на карактерот врз основа на првиот впечаток многу често е и точна, барем кога се во прашање жените. Истражувањето покажало дека три четвртини од луѓето може да прочитаат некои карактерни црти на женското лице.

Научниот магазин "New Scientist" спроведе истражување ставајќи пред 6.500 волонтери серија фотографии на кои имало лица опишани со епитетите: среќно, побожно, духовито и доверливо. Дури 70% од испитаниците точно идентификувале среќно женско лице, 73% побожно и 54% од испитаниците - лице кое оддава впечаток на доверба. Најлошо минале (изразите на) лицата кои би требало да оддаваат духовитост, но речиси никој од волонтерите не ги препознал.

Меѓутоа, со машките лица приказната била сосема поинаква. Испитаниците никако не можеле да разликуваат среќен, побожен и доверлив маж, а среќниот го препознале само 22% од волонтерите.

За потребите на експериментот научниците замолиле 1.000 читатели да испратат свои фотографии и оценки како споменатите 4 карактерни црти се однесуваат на нивната личност. Потоа, биле издвоени најјасните и најекстремните примери и со помош на компјутерски програм биле изработени "просечни" лица пред сликите да им бидат покажани на испитаниците.

После овие резултати науката не знае да објасни зошто е полесно да се "читаат" жените и зошто нивните лица се поизразени од машките. Претпоставката е дека жените општо гледано се поотворени и поподготвени да ги покажат чувствата за разлика од мажите - што ако судиме по оваа студија, се покажува како точно :)

 

Copyright © 2009 selotejp.com