Собраниската Законодавно-правна комисија денеска ќе одржи седница. На дневен ред е Предлог законот за селекционерски права (второ читање), како и предлог законите за изменување и диополнување на законите за надзор на државната граница и за правно наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и за минерални суровини, сите во второ читање. Законодавно-правната комисија на седницата треба да расправа и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитет за информатички технологии во Скопје (второ читање) и Предлог законот за трансформација на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат“ - Скопје (второ читање). |
Седница на законодавно-правната комисија
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)