-->

Нов напад на приватноста од Фејсбук

Друштвената мрежа Фејсбук речиси незабележано ги промени условите на користење, што ги изнервира корисниците и телата надлежни за заштита на податоците.

Фејсбук и порано имаше "неотповикливо" право на користење на сите објавени датотеки, фотографии и видеоснимки, а ова право Фејсбук, од минатата недела, го задржува и доколку корисникот го избрише својот профил.

"Употребата на лични податоци е темелно право, а нивната употреба од трети лица ја загрозува приватноста", изјави Ханс Зегер, претседателот на австриската работна заедница за заштита на податоци. Тој додава дека "има право да си ги избрише сопствените податоци и тоа право може да се оствари", тврди Зегер, обвинувајќи ја Европската комисија за пропустите кои ова му го овозможија и на Фејсбук.

"Фејсбук изобилува со средства и поединецот ја губи битката. Затоа државата е задолжена да интервенира", смета австрискиот експерт за заштита на податоците. "Потполно бесмислено е доколку некој засекогаш дозволи да се употребуваат неговите податоци. Ова го нема ни во законот за авторско право", заклучува Зегер.

Илјадници корисници на Фејсубк веќе започнаа да организираат групи за масовно бришење на своите профили.

Основачот и директорот на Фејсбук Марк Зукерберг завчера се обиде да ја смири топката: "Нема никому да ги проследиме вашите податоци кои не сакате да бидат проследени", изјави за новинските агенции.

Објасни дека промената била потребна за Фејсбук да може да ги објавува корисничките профили, на пример, доколку членот кој го избришал својот профил оставил порака на нечиј туѓ профил. Официјалното соопштение од сајтот вели дека "со промената само се сака на корисниците да им се објасни начинот на однесување кон нивните податоци".

На Фејсбук моментално членуваат повеќе од 175 милиони корисници. Ако сте еден од нив, внимателно со објавувањето на вашите податоци.

 

Copyright © 2009 selotejp.com