-->

Дрзок крадец украл автомобил пред полицијата

Автомобилската кражба најчесто е многу тешко да се спречи без разлика на сигурноста која ќе ја вложите во заштитата на својот автомобил. На професионален крадец под заштита на темнината и ноќта во најдобар случај само ќе му ја продолжите работата за уште неколку минути.



Видеото кое овде ви го пренесуваме покажува колку некои крадци можат да бидат навистина дрски. Крадецот кој во акција го фатиле камерите не се плашел да го краде возилото ни на сред бел ден додека неговата сопственичка стои неколку метри подалеку.

Работата да биде поинтересна, возилото се краде буквално пред очите на полицаец кој многу малку прави да го спречи крадецот. Ова е најбизарната кражба која некогаш сме ја виделе, а полицаецот дефинитивно го поминува нивото на спремност дури и на нашите полицајци. Но, погледнете сами па пресудете.

 

Copyright © 2009 selotejp.com