-->

Лоциран центарот за љубомора

Делот од мозокот кој се активира кога сме љубоморни конечно е лоциран. Интересно е што малото "зелено чудовиште" кое не "јаде" кога чувствуваме некоја завист поради туѓиот успех се наоѓа во делот од мозокот одговорен и за телесни болки.

"Делот од мозокот кој детектира телесни болки е поврзан и со психичката болка", изјави Хидехико Такахаши, раководителот на истражувањето, додавајќи дека всушност баш поради овој факт љубомората знае да биде толку "болна".

Во експериментот учествувале 19 студенти кои одговарале на прашања поврзани со луѓето поуспешни од нив самите, односно луѓето на кои им завидуваат. За време на целата студија се забележани активностите во нивните мозоци.

"Во предниот дел на мозокот се засилуваа активностите кога студентите чувствуваа љубомора", сведочат научниците.

Освен тоа, испитаниците читале приказни во кои на нивните соперници им се случува нешто лошо, вклучувајќи дури и труење со храна. За време на читањето на овие приказни, им се активирал делот од мозокот кој се активира кога луѓето ќе добијат некоја награда или признание.

Значи, несреќата на нивните соперници кај нив предизвикала задоволство. Овие откритија се очекува да им помогнат значително на психијатрите и психолозите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com