-->

Виена доби музеј за кондоми


Откако пред околу две години во Виена беше отворен Музејот на контрацепцијата, кој предизвика огромно внимание, овој град на културата доби уште еден контроверзен музеј.

Станува збор за Музејот на кондоми, отворен кон крајот на јануари во подрумот на трговскиот под името Liebens-wert специјализиран исклучиво за продажба на кондоми.


На 100м2 изложбен простор раскажана е приказната за историјата на кондомите, почнувајќи од првите контрацептивни експонати направени од рибји меури и овчји црева, па се до најновиот изум како што е течниот кондом.

Разгледувањето нa Музејот со придружба на персоналот трае околу 1 час, а чести гости се средношколски класови.

 

Copyright © 2009 selotejp.com