-->

Само за филмското платно – Corvette Stingray Concept

Концептот Stingray, базиран на најомилениот супер автомобил на Американците, Corvette, ќе се појави во новото продолжение на филмот Transformers. Тој воедно е и најава за идната генерација на Corvette.



Името Stingray е врзано за еден од првите американски супер автомобили во далечната 1959-та година, од каде новиот концепт и го црпи дизајнот. За да се задржат денешните модни трендови, покрај класичноста во дизајнот, многу делови се изведени футуристички, во стил на, како што милуваат Американците да кажат, вселенски брод.

Концептот Stingray е изложен на саемот за автомобили во Чикаго, заедно со дружината Автоботи, односно добрите дечки во култниот филм Transformers. Тој ќе биде еден од нив во новото продолжение на филмот.









 

Copyright © 2009 selotejp.com