Овогодинешниот Mobile World Congress во Барселона не го заобиколи ни наголемиот произведувач на паметни телефони во светот, кој на јавноста и ги покажа своите два новитети.
HTC Touch Pro2 е телефон во форма на слајдер, кој под својот долен дел содржи целосна тастатура, а во однос на претходниот модел на оваа серија неговите агли се дополнително заоблени. Уредот и понатаму работи на Windows Mobile 6.1, но HTC TouchFLO 3D корисничкиот интерфејс е унапреден.
Меѓу другото вреди да се напомене и дека HTC Touch Pro2 има 3.6 инчен дисплеј осетлив на допир, GPR, Wi-Fi, 3.2 мегапикселна камера, мултимедијален плеер и Bluetooth. Димензиите на овој уред изнесуваат 116 х 59.1х 17.25 милиметри, а дополнителни детали за овој паметен телефон може да прочитате тука.
Еднакво интересен е и вториот новитет од HTC - моделот Touch Diamond2, кој има 3.2 инчен дисплеј на допир, унапредена графичка технологија TouchFLO 3D која овозможува зумирање на содржините кои се прикажуваат на екранот, камера од 5-мегапиксели, GPS, Bluetooth, FM приемник, а димензиите на уредот изнесуваат 107.85 х 53.1 х 13.7 милиметри, додека неговата маса изнесува 117.5 грама.