-->

iPhone казино измама

Победата против сопственикот на казиното и освојувањето на некоја значајна добивка е речиси невозможна, бидејќи во спротивно нивното постоење не би имало смисол. За сопствениците, се разбира. Некој генијалец се обидел да ги измами оние најпознатите, сместени во Лас Вегас, со посебна апликација за неговиот iPhone.

Nevada Gaming Control Board, регулаторното тело кое ја набљудува работата на казината во Лас Вегас и државата Невада, писмено ги предупреди сопствениците на казина за постоењето на апликација за iPhone која на играчите може да им овозможи броење на картите, со што значително се зголемува можноста за остварување на добивка.

Aпликацијата функционира на iPhone и на iPod Touch, и за жал на локалните газди на коцкарници, а за ваша среќа, ви го откриваме нејзиното име: Easy Streak :)

Се користи при играње Блек Џек, а наводно на речиси секој играч му овозможува да ги брои поделените карти и да си ја зголеми можноста за добивка.

 

Copyright © 2009 selotejp.com