-->

KIA No 3 концепт

Меѓу новитетите кои KIA ќе ги претстави наредната недела на авто салонот во Женева е и интересниот кросовер концепт наречен No 3.

Во основа, станува збор за градски компакт базиран на платформата C'eed со едно необично решение - кровниот носач кој се протега дијагонално од А-носачот на совозачката страна до В-носачот на возачката страна.

Сеуште нема многу достапни информации кои ги откриваат деталите за овој концепт, а се знае само дека е долг 4.045 сантиметри.

KIA во Женева исто така ќе ја претстави ISG технологијата за C'eed бензинските мотори 1.4 и 1.6. Станува збор за старт-стоп технологија која со гасење и палење на моторот штеди до 15% гориво.

На штандот на корејскиот производител ќе се најде и C'eed во хибридно издание. Електро-бензинскиот систем KIA го развиваше во соработка со Hyundai, а нуди потрошувачка од четири ипол литри на сто километри со емисија од 109 грама CO2 по километар.

 

Copyright © 2009 selotejp.com