-->

Steampunk Frankestein

Луѓето кои се занимаваат со изработка на модифицирани куќишта за компјутери се посебна сорта на манијаци, но иако мислевме дека се е веќе видено, некои од нив сеуште успеваат да не изненадат.

Со оглед на тоа дека компјутерот на сликата, наречен Франкештајн има куќиште изработено во "steampunk" (стимпанк) стил, ред е да објасниме што овој поим значи.

Станува збор за поджанр во научната фантастика во кој технологијата се развива во алтернативна насока и сеуште ја користи пареата како извор на енергија. Но, и парните и механичките системи кои можат да се најдат во стимпанк литературата често се понапредни од технологијата која денес ја имаме. Карактеристична е и специфичната визуелна естетика на оваа технологија, која изобилува со најразлични вентили, прекинувачи, запченици и слични механички дрангулии кои во вистинскиот свет исчезнаа некаде на почетокот на 20-от век.

"Steampunk Frankestein", компјутерското куќиште кое го гледате на сликата е практично невозможно да се опише, па ви препорачуваме да ја ѕирнете галеријата на проектот за чија реализација биле потребни година дена и којзнае колку пари и делови од најразлични механички направи.

А кога е во прашање можноста на компјутерот кој се крие во ова куќиште, слободно може да кажеме дека станува збор за ѕвер со две Nvidia 8800 GTX графички картички кои на овој компјутер со архаичен изглед му даваат можност со леснотија да си заслужи место во домот на некој гејмер.

 

Copyright © 2009 selotejp.com