-->

Ф1: Првенството ќе стартува во судница?

Решенијата на таканаречените „двојни“ задни дифузери кои ги употребуваат екипите Браун ГП, Тојота и Вилијамс се илегални според противничките табори.

За разлика од Рос Браун кој пред една седмица самоуверено изјави дека очекува ривалите наскоро ќе почнат да го копираат, на стартот од седмицата во која е предвиден почетокот на новото првенство Ред Бул најави жалба против трите екипи. Хелмут Марко, кој е советник на менаџментот на фабриката Ред Бул за авто спорт, за австрискиот сајт Спортнет изјави дека останатите седум екипи се обединети по ова прашање.

- Тие имаат двоен дифузер и тоа има дава предност од половина секунда по круг. Сите седум екипи, вклучувајќи го тука и Ред Бул, се обединети и тврдат дека тоа е нелегално решение,- изјави овој висок функционер, со што се смета за сигурна најавата дека официјален протест сигурно ќе има.

Ферари побара ФИА јавно да се произнесе за да се прекине со шпекулациите. Според нивното соопштение дистрибуирано исто така понеделнички, обвинувањата се дека решенијата не прекршуваат директно некое правило.

 

Copyright © 2009 selotejp.com