-->

Просечната нето плата во 19.616 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен исплатена во јануари годинава според новиот концепт за пресметка во која се вклучени надоместоците за храна и превоз, изнесувала 19.616 денари и е за 26,1 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Најголемо зголемување е регистрирано во секторите Здравство и социјална работа (46.8%), Јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита (35.7) и Снабдување со електрична енергија, гас и вода (35.2%).

Просечната бруто-плата, пак, во јануари изнесувала 29.586 денари.

Во првиот месец од годинава, 2,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата што е за 7.0 проценти помалку во споредба со јануари минатата година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com