Internet Crime Complaint Center е организација со која управува американското FBI односно National White Collar Crime Center, и го објави својот годишен извештај за интернет криминалот. Според објавените податоци, 2008 година била најлошата до сега.
ICCC во својот годишен извештај објави дека во текот на 2008 година забележани се нешто повеќе од 275.000 пријави на сајберкриминал, додека оваа бројка порано изнесуваше околу 207.000. Вкупната штета предизвикана од интернет криминалот минатата година изнесува 265 милиони долари, што е за околу 25 милиони долари повеќе отколку 2007 година.
Околу една третина од пријавите во ICCC се однесувале на неисплатени побарувања или неиспраќање на нарачани производи, а останатите вообичаени пријави се однесувале на измами на интернет аукции како и злоупотреба на кредитни и дебитни картички.
Извештајот статистички исто така покажал дека поредовни наседнувачи на стапиците на интернет криминалците - се мажите.