Во текот на оваа недела правната служба на Apple доби две нови работни задачи, стручно наречени тужби :) Една поради наводна повреда на патентирани права при изработката на iPhone и он-лајн продавницата App Store, а втората е поврзана со чиповите кои ја управуваат камерата вградена во iPhone.
За првата тужба одговорна е компанијата Affinity Labs која го обвинува Apple дека ги крши нејзините три патенти, поврзани со безжичното праќање информации на мобилниот телефон, прегледувањето содржини во он-лајн продавницата App Store како и за начинот на кој iPhone и iPod Touch се поврзуваат кон одредени самостојни уреди.
Тужбата на Affinity Labs e предадена на судот во Тексас оваа недела.
Втората тужба е дело на компанијата Acoolade Systems, која не го обвинува Apple директно, туку преку компанијата Aptina Imaging and Micron. Спомнатата фирма е одговорна за одредени делови и технологии вградени во iPhone, кои се поврзани со начинот на кој мобилниот управува со вградената камера.
Од таборот на Apple сеуште нема коментар за ниту една од овонеделните тужби.