-->

Најголемиот телефон на светот

Американски оператор Cricket и Samsung одлучија со инсталација на најголемиот мобилен телефон во светот да се обидат да го срушат рекордот во Гинисовата книга на рекорди.

Ако во наредните неколку денови го посетите Чикаго, дефинитивно ви препорачуваме да ја погледнете оваа необична инсталација. Мобилниот телефон кој двете компании го претставија во гигантска големина е Samsung Messager R450. Во видеото кое следи ќе се уверите дека станува збор за потполно функционален уред.

Кога е технологијата во прашање овој телефон, како и неговата мини нормална верзија се всушност просечни телефони со лизгач со целосна QWERTY тастатура, камера од 1.3 мегапиксели, екран од 2.1 инчи (океј, ова го има само малиот) и скромни мултимедијални можности.

 

Copyright © 2009 selotejp.com