-->

Скриена Македонија

Оддвојте барем 3 минути од вашето време и разбијте го ова тмурно викенд-сивило со овие прекрасни фотографии од скриените убавини на нашата Македонија.


Патот кон село Бистрица, Богомилско. Над селото се издигаат Бегови Вирови и Кале, Јакупица.


Нежилови Стени на Солунска Глава, сликано од ридот Елен, над селото Нежилово, Богомилско.


Коњ кој пасе на билото на ридот Елен над село Нежилово. Во позадина Нежилови Стени и Солунска Глава. Во пределот на коњот се забележува пат кој води до Планинарскиот Дом Чеплес. По истиот пат може да стигнете до изворите на Бабуна.


Коњи на билото на ридот Елен, над село Нежилово. Во позадина Нежилови Стени и Солунска Глава.


Долината на извориштето на Бабуна со Нежиловите Стени на Солунска Глава. Сликано од ридот Елен над село Нежилово.


Од Шар Планина поглед на Полошката и Скопската котлина. Првото било е на планината Жеден, второто она лево речиси целосно покриено со шума е на Скопска Црна Гора и последниот масив, најдалечниот, тоа се Осоговските Планини.


Од јужните падини на планината Китка, над селото Градовци, поглед кон Повардарие и Велес. Се разбира ништо не се гледа.


Од Шар Планина, поглед на Полошката котлина и висорамнините на Сува Планина, во далечината е Ниџе.


Од врвот на Китка, поглед кон Скопската котлина и источните падини на планината Китка. Под облаците е Скопје.


Од Шар Планина, поглед на Полошката котлина и дел од Сува Планина. Во позадина е Караџица чии падини одат до езерото Козјак. Помегу Сува Планина и Караџица се наога езерото Козјак. Крајното парче магла во долината го покрива селото Белица, во близина на Македонски Брод.


Од источните падини на Китка, над село Градовци, поглед на Скопската котлина. Централно е Скопска Црна Гора, додека лево во далечината се Жеден и Шар Планина.


Од Златоврв, Трескавец, поглед кон Пелагонија во делот на Прилеп. Марковите Кули пловат на облаците, крстот ги издава. Лево е Селечка Планина и Мариово.


Од источните падини на Китка, поглед кон Повардарието.

 

Copyright © 2009 selotejp.com