-->

Дискавери слета на Земјата

Вселенското летало на НАСА слета на Земјата по мисијата на Меѓународната вселенска станица која траеше 13 дена. Дискавери беше приземјен во Вселенскиот центар Кенеди.

Леталото беше лансирано на 15-ти март, а главната цел на седумчлениот екипаж беше испораката на четвртиот сет соларни панели на Меѓународната вселенска станица за таму да може да продолжи престојот на шесте астронаути.

Со Дискавери, по четири месеци поминати на Меѓународната вселенска станица на Земјата се врати и астронаутката Сандра Магнус.

 

Copyright © 2009 selotejp.com