-->

iPod Shuffle 3G

Новиот револуционерен плеер кој го претстави Apple тежи само 11 грама и има димензии од 45 х 18 х 9 милиметри. За да се направи толку мал плеер, контролните копчиња од стариот Shuffle се префрлени на слушалките.

Исто така, со оваа промена функционалноста на плеерот е далеку поголема.
Со капацитет од 4 GB или околу 1.000 песни, дефинитивно станува збор за најмалиот, а сепак најмоќен мп3 плеер создаден до сега.

Алуминиумската основа заедно со штипката направена од нерѓосувачки челик. Најновата опција по која ќе биде препознатлив овој плеер е "Voice over" т.е. доколку слушате одредена песна и сакате да чуете кој ја пее или од која плејлиста ви е песната - со едно притискање на копчето вашиот плеер ќе ви го каже името на артистот и песната, нормално доколку така ги имате внесено. Исто така, доколку имате некоје шпанско болеро или француска романтична песна, овој плеер ќе ви ја каже на тој јазик. Voice over знае да "зборува" дури 14 јазици

Доаѓа во сива и црна варијанта по цена од 79 долари

 

Copyright © 2009 selotejp.com