-->

Lenovo Pocket Yoga

Деновиве на интернет протекоа фотографии од мистериозниот мини преносен компјутер на Lenovo, чие појавување на пазарот е сеуште неизвесно. Да погледнеме за што станува збор.

Од фотографиите може да се заклучи дека Pocket Yoga не е обичен преносен компјутер, иако потсеќа на Sony Vaio P. Неговиот дисплеј може да се заврти околу тастатурата, со што овој уред се трансформира во tablet со екран осетлив на допир.

СО оглед на впечатливиот надворешен изглед и стилот кој го налага, минималните димензии, флексибилност и преносливост (лаптоп во џеб?), овој уред изгледа како далеку подобар избор од Sony Vaio - кој освен по високата цена и убавиот дизајн и не се отскокнува премногу од останатите уреди на пазарот.

Сепак, протекувањето на мистериозните фотографии на Lenovo Pocket Yoga, експресно стигнаа и објаснувањето од официјалните лица во компанијата. Од таму велат дека уредот сеуште не во план за масовно производство и дека најверојатно ќе остане само уште еден нереализиран концепт. Судејќи по фотографиите, би било вистинска штета доколку биде навистина остане така. Ние сеуште сакаме еден.

 

Copyright © 2009 selotejp.com