-->

Star Trek руши рекорди пред премиерата

Третиот треилер за филмот „Star Trek“ досега е прегледан повеќе од пет милиони пати, што го прави најсимнуваниот HD треилер на сите времиња.

Со повеќе од 1.8 милиони прегледи во првите 24 часа на страниците на Apple.com, третиот треилер за новиот филм Star Trek XI, кој го направи Џеј Џеј Ејбрамс, ги сруши сите рекорди. Од 6-ти март кога се појави, треилерот е прегледан повеќе од пет милиони пати, со што се смести на врвот на најсимнувани HD треилери во целиот свет.

Очигледно, публиката не може да ги дочека новите авантури по ѕвездените патеки кои официјално по кино салите ќе бидат премиерно прикажани на 8-ми мај. Повелете, погледнете го треилерот-рекордер:

 

Copyright © 2009 selotejp.com