Влезниците за концертот на загрепскиот стадион Максимир се пуштени во продажба по пат на интернет во четврток на полноќ (00 : 01) и на сите продажни места во Хрватска во 9 часот наутро.
Преку интернет еден поединец преку регистрација може да купи најмногу 4 влезници а на продажните места можат да се купат максимум 6. цената за влезниците за седење на северните трибини изнесуваат 33.5 евра, цената за стоење ќе биде 67 евра, додека влезниците за трибините исток / запад/ југ изнесуваат 100 евра.
Влезници најинтересни за обожавателите се оние кои се наоѓаат најблиску до сцената, на исток и запад, а тие ќе чинат 135 евра. За седење во VIP ложата потребни се 270 евра. Додаден е уште еден сектор на влезници, наречен red zone, на барање на бендот, а за него ќе треба да се издвојат 270 евра. Таквите влезници се само 600 и ќе бидат пуштени само во редовна продажба.
За детален увид во планот на седењето може да ги посетите www.lupapromotion.hr и www.ticketpro.hr . Подеднакво важна информација е дека сите влезници ќе бидат нумерирани и посетителите со сигурниот ќе знаат кое е нивно место.
90.000 влезници за концертот на ирскиот бенд на стадионот Ноу Камп на 30 јуни се распродадоа за 54 минути. Концертот со кој ирската група ќе ја започне својата турнеја ’U2 360’ е распродаден побрзо од било кој друг концерт во шпанската историја. Фановите на групата чекале во редови цела ноќ за влезници, кои иста така можеле да се купат на интернет. U2 пред Ноу Камп да биде пуштен во продажба ги срушија сите рекорди во брзина на продажба на влезници. Имено, ирскиот Independent објави дека само минатиот петок, за седум часа се продале 650.000 влезници за европската турнеја. Два концерти во Даблин (160,000 влезници) се распродадени за само 40 минути, што е најкратко време во ирската историја. Истиот ден е распродаден и лондонскиот Вембли и уште седум концерти низ Европа. Во одреден момент влезниците се продавале со брзина од 112 влезници во минута.