-->

Од гејмерски агол: Windows 7 пред Vista

Се чини дека новиот Windows 7 уште сега е прилично „испеглан“ производ. Дури и игрите работаат еднакво добро, дури и побрзо отколку во Vista.

Момците од страницата PC Perspective направија еден од најдеталнтие тестови кога е во прашање играњето компјутерски игри на Windows 7, користејќи еден куп игри и дури 7 различни графички картици. Резултатите се изненадувачки пријатни: Windows 7 работи брзо и стабилно, без паѓање на системот, а игрите во него работаат побрзо отколку во Windows Vista.

Да се потсетиме: иако Vista ветуваше „ридови и долини“ кога е во прашање гејмингот, до ден денес некои игри во овој оперативен систем функционираат многу побавно него во Windows XP. Се чини дека Windows 7 ќе ја променат оваа традиција - а станува збор за сеуште бета верзија на овој нов оперативен систем на Microsoft.

 

Copyright © 2009 selotejp.com